Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Faculty of Philosophy
  3. Faculty of Philosophy 05: Conference papers / Трудови од научни конференции
  4. Поддршка на семејствата со дете со пречки во развојот
Details

Поддршка на семејствата со дете со пречки во развојот

Date Issued
2019
Author(s)
Драговиќ, Ивана
Abstract
Семејството на дете со пречки во развојот се соочува со неколку социјални
ризици во исто време, т. е. со развојните предизвици на детето од една
страна, и добивање на соодветна поддршка од релевантните институции, од
друга страна. Како земја во долготрајна транзиција, сé уште немаме
доволно развиен систем на формална и неформална социјална заштита, или
истиот функционира на незадоволително ниво поради што семејствата се
соочуваат со низа дополнителни проблеми. Целта на нашиот труд е да
дадеме преглед на законската регулатива во насока на подобрување на
квалитетот на живот на детето со развојни потешкотии, односно на
неговото семејство. Нашата анализа е насочена кон утврдување на
финансиските надоместоци кои ги нуди државата и утврдување на
евентуалната дискриминација при поставување на законската регулатива.
Според добиените резултати утврдивме дека постојат неколку
дискриминирачки одлуки во распределбата на надоместоците. Еден од тие
надоместоци е посебниот додаток кој според последните промени изнесува
5.096 ден за 2019г, истиот е наменет за повеќе категории на попреченост,
но не и за лицата со лесна интелектуална попреченост, што претставува
еден вид на дискриминација со оглед на тоа што оваа категорија на деца е
најбројна помеѓу децара со интелектуална попреченост, а од друга страна
потекнуваат од семејства со најнизок социо-економски статус.
Subjects

семејство, семејна по...

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

Paper-Shtip-Disabilities-2019.pdf

Size

272.8 KB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):0bd65dc034406a28858387aaeb817348

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify