Дали предбрачните заедници го подобруваат бракот? Поглед кон семејната динамика во Mакедонија
Date Issued
2017
Author(s)
Abstract
Во последните години во Македонија сме сведоци на постојаниот пораст на вонбрачните заедници и разводите и истовремено намалување на бројот на склучените бракови. Македонија, како и останатите европски земји, не остана имуна на промените на структурата и динамиката на семејството кои настанаа како резултат на повеќе општествени процеси како глобализацијата, забрзаната урбанизација и индустријализацијата. Денес сè повеќе млади парови во Македонија се одлучуваат за вонбрачна заедница наспроти брак или пак претпочитаат да живеат заедно определен период пред да стапат во брак. Дали предбрачната заедница претставува еден вид тест за бракот? Колку предбрачната заедница може позитивно да влијае на бракот? Дали вонбрачната заедница води кон брак или пак го заменува постепено бракот? Во овој труд ќе се обидеме да ги анализираме горенаведените прашања и да истражиме колкаво е влијанието на предбрачните заедници за успехот на бракот во Македонија. За таа цел, ќе биде спроведено квантитативно истражување на млади брачни парови и парови кои живеат во вонбрачна заедница на возраст од 25 до 45 години. Дополнително, преку анализа на домашни и странски статистички податоци, трудот ќе ја разгледа семејната динамика во Македонија во последните неколку децении и ќе презентира повеќе аспекти на современото македонско семејство.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Avirovic-Vonbracni zaednici.pdf
Size
715.6 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):419e4fdc5aab34fe40da26cbd7ae26ec
