Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6608
Title: Улогата на семејството во третманот на амблиопијата кај децата од предучилишна возраст
Authors: Костуранова, Марија
Keywords: деца со амблиопија, семејство, третман
Issue Date: 2020
Publisher: Филозофски факултет, Скопје
Source: Костуранова, М. (2020). Улогата на семејството во третманот на амблиопијата кај децата од предучилишна возраст. Магистерска теза. Скопје: Филозофски факултет.
Abstract: Амблиопијата, која најчесто се развива на предучилишна возраст, има сериозно влијание на трајното оштетување на видот. Поддршката на семејството е значајна во многу сегменти, но во третманот на амблиопијата таа е незаменлива, затоа што нема втора шанса или некој друг вид помош. Иако се дава акцент на третманите за лекување на амблиопијата, досега не е дадено директно посочување на мотивираноста на родителите (старателите) во самиот третман. Целта на ова истражување е да провери дали интеракцијата на родителите со своето дете влијае на спречувањето или намалувањето на амблиопијата и да укаже на поврзаноста во успешното превенирање на истата, како и да ја истакне битната улога на родителите во спречувањето на аблиопијата како иреверзибилна појава која се одрзува кај децата во нивниот подоцнежен живот. Просечната возраст на децата со амблиопија во ова истражување изнесуваше 5,16 (+2,121) години. Истражувањето се изведе врз основа на дескриптивниот метод и каузалниот метод, со примена на анкетен лист, социометриски скали, скали за процена. Резултатите беа статистички обработени. Страбизмот е честа причина за амблиопија со реперкусии на социјалното интегрирање и менталното здравје. Идентификувањето и лекувањето на страбизмот на порана возраст ја подобрува можноста за подобрување на бинокуларниот вид и може да спречи трајна амблиопија. Семејството е непроценето во многу работи за правилен психофизички развој на децата. Семејството е значајно и во спречувањето на слабовидноста (амблиопијата). Поддршката на децата со оштетен вид од нивните најблиски во спроведувањето на третманот, наоѓањето начин да се носат соодветните очила, да се прават соодветните вежби на најбезболен и нетрауматски начин, е многу значајна. Институциите како градинките, училиштата, здравствените домови итн. би требало да имаат и едукативна и профилактична улога во спречувањето на амблиопијата.
Description: Магистерска теза одбранета во 2020 година на Филозофскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Даниела Димитрова-Радојичиќ.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6608
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
mkosturanova2020.pdf653.27 kBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Show full item record

Page view(s)

35
checked on Jul 18, 2024

Download(s)

117
checked on Jul 18, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.