Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/6549
Title: | Медиумите и криминалната политика | Authors: | Deanoska - Trendafilova, Aleksandra | Keywords: | медиуми, кримиална политика, известување, криминал, превенција. | Issue Date: | 2016 | Publisher: | Правен факултет „Јустинијан Први“ - Скопје | Conference: | Меѓународна конференција „Медиумите и човековите права“ - Правен факултет Јустинијан Први, Скопје, 2016 | Abstract: | Криминалната политика во светлината на обедначениот теоретско-практичен пристап претставува „научно заснована активност на општеството во превенцијата и репресијата на криминалот, како практика на сузбивање на криминалот и стратегија на ефикасна борба со криминалот. Од различните концепти за опфатот на криминалната политика, најширокиот модел според кој криминална политика ги опфаќа во себе и мерките на општата превенција и социјална контрола на криминалот, ги вбројува медиумите на листата на носители на социјалната превенција на криминалот. Но, односот помеѓу медиумите и криминалот е бивалентен, поточно дивергентен. Имено, медиумите може да се јават како носители на превенцијата, но и како криминогени фактори, дури и како извршители на казнени дела. Така, на пример, одредени програми може да го стимулираат агресивниот потенцијал кај малолетниците. Политичките и информативните емисии може често да содржат говор на омраза, повикување на дејствија кои би резултирале со извршување казнени дела, повреда на правото на презумпција на невиност. Иако не постојат научни и емпириски сознанија за степенот на влијание кој медиумот може да го има, неспорна е насоченоста и природата на пораките кои се испраќаат преку медиумите, а кои имаат психолошко влијание и бихејвиорален импакт, дури и кога се непосредно асоцирани. Сепак, не смее да се пренебрегне фактот што медиумите имаат и поинаква, значајна улога во превенирањето и сузбивањето на криминалот. Преку медиумите може да се креира јавното мислење во позитивна насока, во правец на подобра детекција на девијантни и асоцијални однесувања и генерално, осуда на криминалните дејствија. Работата на медиумите несомнено може да биде меч со две острици, но само слободното, објективно и професионално новинарство може во полна сила да ја исполни задачата за превентивно дејствување во системот на социјална контрола како важен сегмент на криминалната политика во една држава. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/6549 |
Appears in Collections: | Faculty of Law: Journal Articles |
Files in This Item:
File | Description | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
Deanoska, PF, Media and Human Rights.pdf | 2.34 MB | Adobe PDF | View/Open |
Page view(s)
119
checked on Sep 23, 2024
Download(s)
49
checked on Sep 23, 2024
Google ScholarTM
Check
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.