Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6549
Title: Медиумите и криминалната политика
Authors: Deanoska - Trendafilova, Aleksandra
Keywords: медиуми, кримиална политика, известување, криминал, превенција.
Issue Date: 2016
Publisher: Правен факултет „Јустинијан Први“ - Скопје
Conference: Меѓународна конференција „Медиумите и човековите права“ - Правен факултет Јустинијан Први, Скопје, 2016
Abstract: Криминалната политика во светлината на обедначениот теоретско-практичен пристап претставува „научно заснована активност на општеството во превенцијата и репресијата на криминалот, како практика на сузбивање на криминалот и стратегија на ефикасна борба со криминалот. Од различните концепти за опфатот на криминалната политика, најширокиот модел според кој криминална политика ги опфаќа во себе и мерките на општата превенција и социјална контрола на криминалот, ги вбројува медиумите на листата на носители на социјалната превенција на криминалот. Но, односот помеѓу медиумите и криминалот е бивалентен, поточно дивергентен. Имено, медиумите може да се јават како носители на превенцијата, но и како криминогени фактори, дури и како извршители на казнени дела. Така, на пример, одредени програми може да го стимулираат агресивниот потенцијал кај малолетниците. Политичките и информативните емисии може често да содржат говор на омраза, повикување на дејствија кои би резултирале со извршување казнени дела, повреда на правото на презумпција на невиност. Иако не постојат научни и емпириски сознанија за степенот на влијание кој медиумот може да го има, неспорна е насоченоста и природата на пораките кои се испраќаат преку медиумите, а кои имаат психолошко влијание и бихејвиорален импакт, дури и кога се непосредно асоцирани. Сепак, не смее да се пренебрегне фактот што медиумите имаат и поинаква, значајна улога во превенирањето и сузбивањето на криминалот. Преку медиумите може да се креира јавното мислење во позитивна насока, во правец на подобра детекција на девијантни и асоцијални однесувања и генерално, осуда на криминалните дејствија. Работата на медиумите несомнено може да биде меч со две острици, но само слободното, објективно и професионално новинарство може во полна сила да ја исполни задачата за превентивно дејствување во системот на социјална контрола како важен сегмент на криминалната политика во една држава.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6549
Appears in Collections:Faculty of Law: Journal Articles

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
Deanoska, PF, Media and Human Rights.pdf2.34 MBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Show full item record

Page view(s)

100
checked on May 2, 2024

Download(s)

44
checked on May 2, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.