Заштита на работниците во случај на отказ од деловни причини и колективни отпуштања (состојби и перспективи во македонскиот трудово-правен систем)
Journal
IURIDICA PRIMA - Ohrid School of Law, 7
Date Issued
2018
Author(s)
Каламатиев Тодор
Ристовски Александар
Abstract
Во услови на променливи економски околности, глобален стремеж за поголема конкурентност на работодавачите и зачестени притисоци за флексибилизација на пазарите на труд, работниците се соочуваат со сериозни предизвици за заштита на нивното вработување од отказ поради деловни причини и колективни отпуштања. Авторите, во трудот даваат осврт кон правниот режим, постоечките состојби, трендовите и развојот на индивидуалните и колективните отпуштања поради деловни причини во рамките на македонскиот трудовоправен систем.
Отказот на договорот за вработување поради деловни причини се анализира низ призмата на управувачките прерогативи на работодавачот (т.е. степенот на судската контрола врз законитоста на одлуките за отказ), непосредниот повод кој води до престанок на работниот однос, потенцијалните можности за продолжување на работниот однос и слично.
Колективните отпуштања, како подвид на откази поради деловни причини, пред сé, се анализираат низ призмата на нивната не (усогласеност) со трудовото право на ЕУ. Во таа насока, авторите се осврнуваат кон: поимното определување и опсегот на колективните отпуштања, постапката за информирање и консултирање на претставниците на работниците и постапката за известување на јавните власти.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Juridica Prima 2018.pdf
Description
Ristovski (Iuridica 2018)
Size
1.97 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):4d0a7ea1fa1a3b9bedb2b370bd6672b0