Работно-Правен Статус и Прекарна Положба на Новинарите и Медиумските Работници во Република Македонија
Journal
Зборник на Правниот Факултет „Јустинијан Први" во Скопје
Date Issued
2016
Author(s)
Каламатиев Тодор
Ристовски Александар
Abstract
Заштитата на правната положба на работниците во современите односи по повод и во врска со трудот, произлегува од нивниот работно-правен статус. Во трудот, авторите го анализираат работно-правниот статус на новинарите и медиумските работници во Република Македонија, осврнувајќи се кон нивната прекарна положба и последиците од неа. Тие прават продлабочена анализа на прописите со кои се уредуваат основните трудовоправни поими („работник", „самовработен", „работен однос") во функција на разграничување на „вистинските" од „симулираните" договори за вработување. Во таа насока, во трудот се акцентира негативната практика на ангажирање на новинари и медиумски работници со граѓански договори наместо со договори за вработување, при што, голем дел од овие лица се исклучени од примената на основните права кои произлегуваат од корпусот на трудовото и социјалното законодавство. Конечно, авторите нудат и определени методи на разрешување на ваквата негативна појава.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Zbornik Novinarstvo 2016.pdf
Description
Ristovski (novinarstvo, 2016)
Size
2.65 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):24bcc45dd9b4d4857b06191d7e8b9ec4
