Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6507
Наслов: Економски Зависен Труд и Економски Зависни Работници – Нова Форма на Работа и Нов (Tertium Genus) Работно-Правен Статус на Работници помеѓу Вработените и Самовработените Лица
Authors: Каламатиев Тодор
Ристовски Александар
Keywords: субординација, економска зависност, економски зависен труд, економски зависни работници, хонорарна работа.
Issue Date: 2016
Publisher: Правен факултет „Јустинијан Први" во Скопје
Journal: Годишник на Правниот Факултет „Јустинијан Први" во Скопје во чест на проф.д-р Јане Миљовски, Скопје 2016
Abstract: Трудовото право сеуште почива врз традиционалните сфаќања за поимот „субординација”, при што надвладуваат правните за сметка на економските содржини на овој поим. Правната содржина на субординацијата се состои од управувачката, нормативната и дисциплинската власт на работодавачот во однос на работникот, додека нејзината економска содржина ја истакнува материјалната (економската) зависност на работникот во однос на работодавачот. Токму економската зависност (субординација) претставува основен фактор врз кој почива економски зависниот труд како современа форма на работа и клучен критериум врз кој се темели работно-правниот статус на новата категорија „работници” (помеѓу вработените и самовработените лица), а тоа се економски зависните работници. Во таа насока, предмет на проучување на овој труд ќе биде правниот третман на економски зависниот и правната положба на економски зависните работници во компаративното трудово право, а пред се во трудовоправниот режим на Италија (концепт на „парасубординирани работници” – Parasubordinati) и Германија (концепт на „лица слични на вработените” - Arbeitsnеmerenliches Personen). Економски зависната работа не е предмет на регулирање во македонскиот трудовоправен систем, а економски зависните работници не се подведуваат под режимот на работното законодавство на Република Македонија. Сепак, авторите на овој труд, користејќи го методот на дедукција прават обид да го лоцираат работно-правниот статус на економски зависните работници и тоа преку правната положба на хонорарците и прописите со кои се уредуваше хонорарната работа во Република Македонија.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6507
ISSN: 0583-5062
Appears in Collections:Faculty of Law: Journal Articles

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
Godishnik 2016.pdfRistovski (Godishnik vo cest na prof. Miljovski)3.52 MBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

47
checked on 3.8.2024

Download(s)

54
checked on 3.8.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.