Економски Зависен Труд и Економски Зависни Работници – Нова Форма на Работа и Нов (Tertium Genus) Работно-Правен Статус на Работници помеѓу Вработените и Самовработените Лица
Journal
Годишник на Правниот Факултет „Јустинијан Први" во Скопје во чест на проф.д-р Јане Миљовски, Скопје 2016
Date Issued
2016
Author(s)
Каламатиев Тодор
Ристовски Александар
Abstract
Трудовото право сеуште почива врз традиционалните сфаќања за поимот „субординација”, при што надвладуваат правните за сметка на економските содржини на овој поим. Правната содржина на субординацијата се состои од управувачката, нормативната и дисциплинската власт на работодавачот во однос на работникот, додека нејзината економска содржина ја истакнува материјалната (економската) зависност на работникот во однос на работодавачот. Токму економската зависност (субординација) претставува основен фактор врз кој почива економски зависниот труд како современа форма на работа и клучен критериум врз кој се темели работно-правниот статус на новата категорија „работници” (помеѓу вработените и самовработените лица), а тоа се економски зависните работници. Во таа насока, предмет на проучување на овој труд ќе биде правниот третман на економски зависниот и правната положба на економски зависните работници во компаративното трудово право, а пред се во трудовоправниот режим на Италија (концепт на „парасубординирани работници” – Parasubordinati) и Германија (концепт на „лица слични на вработените” - Arbeitsnеmerenliches Personen). Економски зависната работа не е предмет на регулирање во македонскиот трудовоправен систем, а економски зависните работници не се подведуваат под режимот на работното законодавство на Република Македонија. Сепак, авторите на овој труд, користејќи го методот на дедукција прават обид да го лоцираат работно-правниот статус на економски зависните работници и тоа преку правната положба на хонорарците и прописите со кои се уредуваше хонорарната работа во Република Македонија.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Godishnik 2016.pdf
Description
Ristovski (Godishnik vo cest na prof. Miljovski)
Size
3.44 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):0260ae60957910e64aa07f6ac49136af
