"Влијанието на грчката правно-филозофска мисла врз идеите на Римската res publica"
Journal
Годишник на Правниот факултет "Јустинијан Први" во Скопје, том 58
Date Issued
2018
Author(s)
Рунчева Тасев, Христина
Abstract
Предметниот текст има за цел да даде приказ на влијанието кое грчкиот модел на град-држава и идеите на неговите највлијателни филозофи го извршиле врз развојот на Римската република. Преку компаративен приказ на организација на власта, авторката укажува дека наспроти грчката демократија, Римската република станува модел на „плурална автономија“ со нагласена потреба за избалансираност на различните групи, процес кој во современите држави се остварува по пат на формални power-sharing договори. Под влијание на грчката мисла се раѓа т.н. „латински хеленизам“, во кој римјаните преземале значаен дел од грчката култура и традиција, но воедно создале единствен политички модел олицетворен во римската res publica. Во поглед на придонесот кон филозофската мисла, Римјаните се сметаат како „нефилозофски народ“ кој е многу поблизок до конструирањето на т.н. „практична филозофија“, заради тенденцијата кон предлагање на практично применливи решенија за државното уредување, наместо догматско теоретизирање. Влијателната грчка култура ја пренела филозофијата во Рим, но таа добила посебни особености и вредности својствени само за Римската република.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
zbornik micajkov trud.pdf
Size
2 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):890d8b9bcc28d6c645f83d65bc5928e9
