“Идеите на Марк Тулиј Кикерон за државното уредување”
Journal
Juridica Journal of Legal and Social Studies
Date Issued
2016
Author(s)
Рунчева Тасев, Христина
Abstract
Предметниот текст има за цел да ги прикаже клучните идеи на
Марк Тулиј Кикерон за најдоброто државно уредување. Комплексната
идеја за најдобриот државен облик и неговата организација на власта е
изложена во неговото клучно филозофско дело, De re publica, кое е плод
на Кикероновото долгогодишно искуство во политиката, филозофијата,
ораторството. Марк Тулиј Кикерон во De re publica ја претставил
сопствената визија за идеалната држава, преточена во моделот на
Римската република, заснована на непишан устав. Римската res publica е
изградена на сличен начин како и римското право. Имено, како што
римското право е создавано низ практична примена на правните норми врз
определени случаи, така Републиката е заснована врз практична
организација на власта согласно потребите на римските граѓани, а не врз
основа на однапред зададени уставно-правни норми. Опфатени се и
Кикероновите идеи за народен суверенитет (res publica res populi), како и
основите на договорниот карактер на Кикероновата дефиниција за
државата која бележи низа рефлексии во подоцнежната филозофска мисла,
особено во делата на Русо, Хобс, Ролс итн каде формално се јавува во
облик на општествен договор.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
OHRID SCHOOL 2 FINAL pages 1 - 5, 7, 9, 10, 261 - 277.pdf
Size
649.68 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):36b3c56610ce0daa84b349353e2de684