Moжност за предвидување на психолошката благосостојба врз основа на преференциите на трансакциски наспроти трансформациски стил на раководење, полот и етничката припадност на вработени лица
Date Issued
2019
Author(s)
Скикули Дука, Калтрина
Abstract
Целта на овој труд е да се испитат разликите во поглед на перцепциите на трансакциски и трансформациски стил на раководење и димензиите на психолошката благосостојба како што се ангажираност, позитивни емоции, смисла на живот, постигнување, позитивни социјални врски кај вработените од различен пол и различна етничка припадност, како и да се провери дали перцепциите на трансформациски и трансакциски стил на раководење подобро ја предвидуваат психолошката благосостојба (ангажираност, постигнување, позитивни емоции, позитивни социјални врски и смисла на животот) од полот и етничката припадност.
Вкупно се опфатени 120 испитаници вработени во образование и администрација, во град Скопје и Дебар, од кои беа 60 жени и 60 мажи, од кои по 30 жени и 30 мажи од албанска етничка припадност и по 30 жени и 30 мажи од македонска етничка припадност.
Беа зададени инструменти за субјективна/психолошка благосостојба PERMA профил (PERMA Profiler, Butler & Kern, 2015)–што ја дефинираат седум резултати добиени на седумте супскали со вкупно 23 искази како и Мултифакторскиот прашалник (MLQ , Multifactor Leadership Questionnaire, Bass and Avolio, 2000), за утврдување на стилот на лидерство застапен во организациите со 28 искази преку кои испитаниците проценуваат во колкав степен истите одговараат на личноста која ја проценуваат.
Податоците се обработени со Пирсонов коефициент на корелација и линеарна регресивна анализа.
Врз основа на резултатите може да се заклучи дека првата хипотеза -Перцепциите на трансакциски стил на раководење и психолошката благосостојба (ангажираност и постигнување) се поизразени кај мажите и Македонците отколку кај жените и Албанците вработени лица; перцепциите на трансформациски стил на раководење и психолошката благосостојба (позитивни емоции, позитивни социјални врски и смисла на животот) се поизразени кај жените и Албанците отколку кај мажите и Македонците вработени лица не е потврдена, и втората хипотеза - Перцепциите на трансформациски и трансакциски стил на раководење се подобри предиктори на психолошката благосостојба (ангажираност, постигнување, позитивни емоции, позитивни социјални врски и смисла на животот) од полот и етничката припадност кај вработените лица е делумно потврдена.
Врз основа на добиените резултати може да се заклучи дека перцепциите на трансформацискиот стил на раководење се поврзани со сите димензии на психолошката благосостојба кај вработените, трансакцискиот стил на раководење е поврзан со една димензија на благосостојбата, но не постојат разлики меѓу етничката припадност и половите разлики како ги перцeпираат овие стилови и како тоа се рефлектира на нивната благосостојба.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
ksduka2019.pdf
Size
984.47 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):e57089bc3f4e1392f07af2390e43b0fc