ВРАБОТЛИВОСТА НА СТУДЕНТИТЕ И ДИПЛОМЦИТЕ И ПРОБЛЕМОТ СО ОДЛИВОТ НА МОЗОЦИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Date Issued
2014-03-14
Author(s)
Abstract
Република Македонија оваа година навршува една деценија од потпишувањето на Болоњската декларација. Не сомневајќи се во своите европски аспирации, јасно и без двоумење презема голем број на реформи во високото образование кои со текот на времето требаше да обезбедат негова компатибилност со останатите европски образовни системи, но и успешно задоволување на новите потреби на пазарот на работна сила.
Една деценија континуирани реформи е прилично долг период после кој е ред да се направи еден пресек и детална анализа на планираното и постигнатото.
Со цел да се обезбедат емпириски податоци за постигнатите резултати од овие комплексни реформи, спроведена е сеопфатна студија на македонскиот високообразовен систем со посебен фокус на вработливоста на студентите и дипломците како една од најважните Болоњски цели.
За потребите на таа студија, покрај официјалните статистички податоци, спроведено е емпириско истражување на 981 студент од македонските државни и приватни универзитети. Истражувањето и покрај релативно големиот број на позитивни резултати, за жал, откри и некои неповолни трендови, како што се зголемување на процентот на невработени лица со високо образование во вкупниот број на невработени и одлив на мозоци. На крајот на овој труд се претставени некои потенцијални решенија за превенирање на одливот на мозоци и зголемување на вработливоста на студентите и дипломците.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Zbornik MANU - Sovetuvanje za vrabotlivost.pdf
Description
СОВЕТУВАЊЕ КАКО ДО ПОГОЛЕМА ВРАБОТЛИВОСТ НА СТУДЕНТИТЕ И ДИПЛОМЦИТЕ? ЗБОРНИК НА ТРУДОВИ
Size
2.96 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):bcbad918b390c02b2b6f3e0f12541d1a