Анализа на финансиското известување за финансиските инструменти во банкарскиот сектор во Република Македонија
Journal
Годишник на Економски факултет - Скопје
Date Issued
2017
Author(s)
Abstract
Банките на територијата на Република Македонија, се обврзани при подготвување на своите финансиски извештаи и обелоденување на информациите во врска со финансиските средства и финансиските обврски, кои претставуваат и најзначајни ставки во нивните финансиcки извештаи, да се придржуваат на Методологијата пропишана од НБРМ, којашто се заснова на Меѓународните стандарди за финансиcко известување. Целта на овој труд е да се анализираат барањата на Меѓународните стандарди за финансиско известување и Меѓународните сметководствени стандарди за обелоденување на информации за финансиcките средства и финансиските обврски, како и истражување на квалитетот на известување на банките за екстерни цели. Истражувањето во овој труд беше спроведено на сите 15 банки на територијата на Република Македонија за содржината на финансиските извештаи за 2015 година, со помош на индекс кој го конструиравме врз база на одредбите на МСФИ 7, МСС 32 и МСС 39. Според резултатите од спроведеното истражување, се забележува дека банките на територијата на Република Македонија имаат висок успех во обелоденувањето на ставките од финансиcките извештаи и обезбедуваат квалитетни информации за финансиските инструменти во согласност со Меѓународните стандарди за финансиско известување.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Godisnik 2017.pdf
Size
6.2 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):3cfaadb5595874abcb2c8e0e9cd61937
