РЕЛАЦИИ НА ПОВРЗАНОСТ МЕЃУ БАЛКАНСКИТЕ БЕРЗИ И МОЖНОСТИ ЗА ДИВЕРЗИФИКАЦИЈА
Journal
Годишник на Економски факултет, 2016
Date Issued
2016
Author(s)
Abstract
Во трудот се истражува степенот на усогласено движење на пазарите на капитал на неколку балкански земји, во контекст на создавањето на заедничка платформа за тргување од страна на берзите во Скопје, Софија и Загреб. Анализата на коефициентите на корелација помеѓу набљудуваните берзански индекси за периодот 2005-2015 година покажа дека корелираноста за целиот овој период е на високо ниво, но и дека таа во последниве години е значително намалена во однос на нивото од пред 5-6 години, што отвора можности за диверзификација на ризикот. Корелацијата е највисока во периодот на т.н. берзански бум, кој се одликува и со најголема волатилност на пазарите, што го потврдува постоењето на т.н. епидемија, односно ширење на заразата, карактеристична за пазарите ширум светот. Анализата на Гренџеровата каузалност врз основа на моделот на векторска авторегресија покажува дека помеѓу одделни пазари постојат силни врски на каузалност, односно временска последователност на трендовите, сознание кое може да ги подучи инвеститорите да ги следат сигналите што доаѓаат од пазарите кои предводат во однос на оние кои ги следат пазарните движења.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Trud-Povrzanost na pazari.docx
Size
52.65 KB
Format
Microsoft Word XML
Checksum
(MD5):e0064b4f42d71e0ec9afcac725a386f5
