ПРИСТАПОТ НА НАУКАТА ЗА МЕНАЏМЕНТ И НЕЈЗИНАТА ПРИМЕНА ВО ПРАКСАТА СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА СРЕДНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Date Issued
2016
Author(s)
Abstract
Светот во кој живееме станува се покомплексен. Ни малку не е едноставно и лесно менаџерите на организациите да донесуваат добри одлуки во услови на зголемена конкуренција, зголемени барања на клиентите, ограничени ресурси, брзи промени во технологијата, временски притисоци, итн. Науката за менаџмент, позната и како Операциони истражувања, е дисциплина која им помага на оние кои управуваат со организациите да донесуваат подобри одлуки преку примена на адекватни аналитички методи. Целта на овој труд е да се истражи дали моделите и методите на оваа моќна дисциплина се користат во средните претпријатија во Република Македонија и кавни исходи се постигнати од нивното користење. Истражувањето е спроведено преку анкетен прашалник на примерок од 100 менаџери на средни претпријатија во Република Македонија, од кои 71 целосно го имаат одговорено прашалникот. Добиените одговори од целосно одговорените анкетни прашалници се прикажани и анализирани.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Godisnik 2016 Violeta Cvetkoska.pdf
Size
612.48 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):5e7029e600ec29850438d849b31c421d
