Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/34715
Наслов: Роналд Дворкин - правниот филозоф кој ги предизвикува(ше) судиите
Authors: Ристова - Астеруд, Каролина
Keywords: Роналд Дворкин, филозофија на правото, судиско расудување
Issue Date: 2022
Publisher: Годишник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје во чест на Проф. д-р Димитар Бајалџиев
Abstract: Трудот прави осврт на животното и правно-филозофското дело на американскиот професор по право, Роналд Дворкин, особено низ призмата на трите основни тези на неговата теорија за правото: тезата за правото како систем на правни правила, правни принципи и правни политики; тезата за постоење „вистински одговор“ на секоја правна ситуација и правен спор заснован на субјективните права; и, тезата за непостоење на судиска дискреција, односно тезата за судиското расудување како правооткривање, а не правосоздавање. Авторката дополнително се осврнува на неговата теорија за правото како „целосност“, односно „интегритет“, како и на неговата теорија за судиското расудување и пресудување како „конструктивно толкување“. Завршно, трудот го анализа значењето и влијанието на Дворкиновата теорија на правото врз современите правно-теоретски и правно-филозофски разбирања за правото, како и врз современото судско правораздавање, вклучително и во рамки на Европската Унија.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/34715
Appears in Collections:Faculty of Law: Journal Articles

Прикажи целосна запис

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.