Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/34555| Title: | Војна политика и идеологија во 21 век | Authors: | Горан Зенделовски | Keywords: | војна, политика, интереси, идеологија, глобална милитаризација | Issue Date: | Dec-2025 | Publisher: | Annual of the Faculty in Phylosophy in Skopje | Series/Report no.: | Vol. 78;No. 1 | Abstract: | Војната претставува еден од најпроучуваните феномени на почетокот на 21 век.Заради нејзината постојана трансформација и различните начини на нејзино манифестирање, расте и потребата за нејзино опсервирање. Постои широк дијапазон натолкувања за војната бидејќи таа ги засега сите области од општественото живеење, политиката, економијата, дипломатијата и религијата.Присутната неизвесност и стравот од идни војни и конфликти сe видоа како причина зазајакнување на воените капацитети и зголемување на трошоците за одбрана на државите и на меѓународните организации, што придонесе до новa тркa во вооружување и јакнење на милитаристичкиот менталитет и влијание на воената сила како двигател во надворешната политика. Особено внимание посветуваме на причините за појава на војни и на политиката што ја поттикнува војната до крајни граници, како во поглед на ангажирање на силите и средствата, така и по однос на манифестирањето на насилството.Историското искуство покажува дека владите и нивните лидери се водени според националните интереси и идеологии, и воопшто не се колебливи по однос на почнувањето на војна, гледајќи на воената силакако средство за постигнување на политичките цели, а притоа не внимаваат на реперкусиите врз меѓународното право и зачувувањето на мирот во светот. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/34555 | DOI: | 10.37510/godzbo25781377z |
| Appears in Collections: | Faculty of Philosophy 04: Journal Articles / Статии во научни списанија |
Show full item record
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.