Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/33855
Title: | Заштитата на работникот како послаба страна кај договор за вработување со странски елемент | Authors: | Дескоски Тони; Доковски Вангел | Keywords: | колизиони норми, Регулатива Рим I, работни односи со странски елемент, индивидуален договор за вработување, норми со непосредна примена. | Issue Date: | 2023 | Publisher: | Здружение за трудово и социјално право | Abstract: | Можноста за склучување на договор за вработување со странски работодавец или пак за вршење на работата во странство, ја отвори вратата на меѓународ- ното приватно право и во делот на работните односи со странски елемент. Раз- ликите кои постојат помеѓу трудовите законодавства во светот се очигледни и големи. Иако Меѓународната организација на трудот има интензивна активност во насока на хармонизација на правилата на трудовото право, разликите и ната- му се присутни. Притоа, меѓународното приватно право не содржи материјални одредби во делот на регулирање на материјалните права и обврски кај догово- рот за вработување. Тоа и понатаму е дел на трудовото право. Меѓународното приватно право единствено го определува меродавното право за индивидуалните договори за вработување кај кои се јавил странски елемент. ЗМПП предвидува неколку начини за определување на меродавно право за индивидуални договори за вработување. Основното колизионо правило и кај договорите за вработување е автономијата на волјата на страните. Исто така, во делот кај определувањето на меѓународната надлежност, македонскиот закон за меѓународно приватно право пропишува соодветни правила за воспоставување на исклучива меѓународна судска надлежност на судовите на Северна Македонија, под определени услови.Во овој текст авторите ќе извршат анализа на институтите на меѓународното приватно право за заштита на послабата страна, при што посебен акцент ќе се даде на колизионите норми содржани во Меѓународното приватно право на Европската Унија и во македонскиот Закон за меѓународно приватно право. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/33855 |
Appears in Collections: | Faculty of Law: Journal Articles |
Files in This Item:
File | Size | Format | |
---|---|---|---|
ЗАШТИТАТА НА РАБОТНИКОТ КАКО ПОСЛАБА СТРАНА КАЈ ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ СО СТРАНСКИ ЕЛЕМЕНТ .pdf | 3.79 MB | Adobe PDF | View/Open |
Google ScholarTM
Check
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.