Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/33392
Title: | Оцена на генетскиот диверзитет на локални сорти пиперка (Capsicum annuum L.) од Република Северна Македонија | Other Titles: | Evaluation of the genetic diversity of pepper (Capsicum annuum L.) landraces from the Republic of North Macedonia | Authors: | Biljana Drvoshanova | Keywords: | Capsicum, пиперка, локални сорти, генетски диверзитет, карактеризација, кластер-анализа | Issue Date: | 3-Jul-2023 | Publisher: | УКИМ, Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје | Source: | Дрвошанова Б. 2023. Оцена на генетскиот диверзитет на локални сорти пиперка (Capsicum annuum L.) од Република Северна Македонија. Факултет за земјоделски науки и храна, Докторска дисeртација | Abstract: | Основната цел на ова истражување е преку фенотипска карактеризација да се оцени генетскиот диверзитет на 101 локална сорта пиперка (Capsicum annuum L.) од Република Северна Македонија со идентификација на потенцијални дупликати во колекцијата, групирање на примероците врз основа на нивните сличности и идентификација на примероци со позитивни биолошки и агрономски особини и идентификација на перспективни примероци кои би можеле да се препорачаат на заинтерисирани земјоделци за производство на автохтони сорти од пиперка. Фенолошките и морфолошките својства на секој генотип (локална сорта) беа оценувани за време на вегетацијата и лабораториски по бербата. Начинот на набљудување и мерење на својствата и бележењето на податоците беше извршено според упатството дадено во меѓународниот список на дескриптори Descriptors for Capsicum (Capsicum spp.) на Меѓународниот институт за растителни генетски ресурси (IPGRI, AVRDC, CATIE, 1995). Сите анализирани локални сорти се разликуваат во однос на квалитативните и квантитативните својства, а со тоа се отфрла нултата хипотеза во истражувањето. Врз основа на анализираните 52 својства на растенијата, утврдена е голема дивергентност помеѓу испитуваните локални сорти пиперки. Според PC-анализата, најголем удел во варијабилноста на испитуваната колекција имаат својствата на плодовите (маса, ширина и дебелина на перикарп), должината на фенофазите (денови до цветање и плодоносење), својствата на листовите (должина и ширина) и висината на растенијата, за кои е утврдена највисока позитивна корелација со првата главна компонента. Примероците се класифицирани во 4 кластера со слични биолошки и агрономски особини, со примена на кластер-анализа преку пресметка на еуклидска дистанца и агломеративно хиерархиско групирање според Вард методот. Резултатите од истражувањето покажуваат дека во испитуваната колекција постои висок степен на разновидност во однос на анализираните својства. Овој труд претставува иницијална активност за соодветно управување со конзервираниот генофонд од пиперка на национално ниво. Добиени се корисни сознанија на потенцијалот на локалните сорти што би можеле да се искористат за идна селекција на нови сорти. Од друга страна, откриени се примероци со високи позитивни својства поврзани со приносот, кои би можеле релативно брзо да се направат достапни за производителите на пиперка во Македонија. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/33392 |
Appears in Collections: | Institute of Agriculture: PhD Theses |
Files in This Item:
File | Size | Format | |
---|---|---|---|
Drvoshanova_B_PhD_Thesis.pdf | 3.98 MB | Adobe PDF | View/Open |
Google ScholarTM
Check
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.