Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/3328
Title: Предизвици и перспективи на новиот светски геополитички поредок
Authors: Баланчевска, Сања
Keywords: геополитика, геополитички поредок, биполарен геопоитички поредок, нов светски геополитички поредок
Issue Date: 2019
Publisher: Филозофски факултет, Скопје
Source: Баланчевска, С. (2019). Предизвици и перспективи на новиот светски геополитички поредок. Магистерска теза. Скопје: Филозофски факултет.
Abstract: За геополитиката се смета дека е наука од редот на општествените научни дисциплини која се занимава со проучување на општествените, економските, демографските и политичките процеси на државите, како единки зависни и распоредени во единствениот географски простор. Таа претставува концепција која ја објаснува политиката на државата преку природногеографските услови, географската положба и расните разлики на населението. За истата, неретко се вели дека е инструмент на освојувачките, експанзивни и империјалистички политики и желби на големите држави, меѓутоа во современи услови геополитиката е значајна за опстанокот и постигнување на националните интереси на сите држави во светот без разлика на нивната големина и моќ, а со процесот на глобализација и детериторијализација, геополитиката добива и сосема нови размери кои се однесуваат не само на државите, туку и на недржавните актери и единки како народи, племиња, општествени движења, религии, цивилизации, движења, терористички групи и криминални мрежи и организации. Геополитичкиот поредок претставува концепт со кој во геополитиката се објаснува сложеноста на односите кои владеат во геополитичкиот систем. Покрај тоа, геополитичкиот поредок е и самата состојба на геополитичките односи во геополитичкиот или меѓународниот систем. Последниот т.е. новиот светски геополитички поредок е резултат на геополитичката транзиција од биполарниот геополитички поредок, односно се смета дека почнал во периодот на завршувањето на Студената Војна, кое беше резултат на распадот на СССР. Истиот сѐ уште нема свој назив, но дел од геополитичарите сметаат дека овој поредок е втор облика на доминација на САД, а дел мислат дека станува збор за облик на хегемонија без хегемон, земајќи ја во предвид појавата на други големи сили – Русија и Кина.
Description: Магистерска теза одбранета во 2019 година на Филозофскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Тони Милески.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/3328
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
sbalancevska2019.pdf993.06 kBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Show full item record

Page view(s)

86
checked on Jul 18, 2024

Download(s)

232
checked on Jul 18, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.