Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/32541
Наслов: Потреба за воведување уставна тужба во правниот поредок на Република Северна Македонија
Authors: Спасов, Александар, Чупеска, Ана
Keywords: уставна тужба, Устав, Уставен суд, РСМ
Issue Date: 2023
Publisher: Институт за човекови права
Series/Report no.: ;2023
Abstract: Документов за јавни политики „Потреба за воведување уставна тужба/жалба во правниот поредок на Република Северна Македонија“ е анализа на правно-политички- от контекст и потребата за воведување на правното средство „уставна тужба“ односно „жалба“ во правниот поредок на Република Северна Македонија, имајќи ја предвид ге- нералната заложба за зајакнување на улогата на Уставниот суд на Република Северна Македонија, како заштитник на човековите права и слободи. Авторите во документов презентираат компаративна анализа на нормативната рам- ка за уставна тужба, односно жалба во правните поредоци на Република Словенија, Ре- публика Хрватска, Република Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, како и на Сојузна Република Германија. Изборот на овие држави, односно на нивните правни поредоци е поради нивната регионална поврзаност, но и заедничката правно-политичка историја во подолг временски период со нашава држава. Во случајот на Сојузна Република Гер- манија, авторите поаѓаат од значајното влијание што германското право, во целина, го има врз развојот на континентално-правната традиција на која ѝ припаѓа и правниот поредок на нашава држава, но и поради долгата успешна историја на уставната жалба во германскиот повоен правен поредок и особено улогата на Сојузниот уставен суд на оваа држава, како заштитник на човековите права и слободи, со што овој Суд и од исто- риска перспектива има извонредно важна улога во трансформацијата на германската држава и општество во развиена и функционална демократија и правна држава, после ужасните искуства од времето на нацистичката диктатура. На крај од анализава, авторите презентираат препораки за јавни политики, поаѓајќи од најамбициозната цел за воведување сеопфатна уставна тужба/жалба преку аманд- манска промена на Уставот на Република Северна Македонија, на среден, односно на долг рок, а продолжувајќи со препораки за зајакнување на улогата на Уставниот суд, како заштитник на човековите права и слободи на краток или среден рок, а пред аманд- манската промена на Уставот и преку користење на постоечката нормативна рамка или промена на важечки закони. На тој начин авторите предлагаат препораки што треба да одговорат на ургентната потреба од јавни политики во оваа област.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/32541
Appears in Collections:Faculty of Law: Journal Articles

Files in This Item:
File SizeFormat 
IHR_Dokument_JP_MK.pdf356.06 kBAdobe PDFView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

20
checked on 3.5.2025

Download(s)

4
checked on 3.5.2025

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.