Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/32541
DC FieldValueLanguage
dc.contributor.authorСпасов, Александар, Чупеска, Анаen_US
dc.date.accessioned2025-02-26T09:59:30Z-
dc.date.available2025-02-26T09:59:30Z-
dc.date.issued2023-
dc.identifier.urihttp://hdl.handle.net/20.500.12188/32541-
dc.description.abstractДокументов за јавни политики „Потреба за воведување уставна тужба/жалба во правниот поредок на Република Северна Македонија“ е анализа на правно-политички- от контекст и потребата за воведување на правното средство „уставна тужба“ односно „жалба“ во правниот поредок на Република Северна Македонија, имајќи ја предвид ге- нералната заложба за зајакнување на улогата на Уставниот суд на Република Северна Македонија, како заштитник на човековите права и слободи. Авторите во документов презентираат компаративна анализа на нормативната рам- ка за уставна тужба, односно жалба во правните поредоци на Република Словенија, Ре- публика Хрватска, Република Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, како и на Сојузна Република Германија. Изборот на овие држави, односно на нивните правни поредоци е поради нивната регионална поврзаност, но и заедничката правно-политичка историја во подолг временски период со нашава држава. Во случајот на Сојузна Република Гер- манија, авторите поаѓаат од значајното влијание што германското право, во целина, го има врз развојот на континентално-правната традиција на која ѝ припаѓа и правниот поредок на нашава држава, но и поради долгата успешна историја на уставната жалба во германскиот повоен правен поредок и особено улогата на Сојузниот уставен суд на оваа држава, како заштитник на човековите права и слободи, со што овој Суд и од исто- риска перспектива има извонредно важна улога во трансформацијата на германската држава и општество во развиена и функционална демократија и правна држава, после ужасните искуства од времето на нацистичката диктатура. На крај од анализава, авторите презентираат препораки за јавни политики, поаѓајќи од најамбициозната цел за воведување сеопфатна уставна тужба/жалба преку аманд- манска промена на Уставот на Република Северна Македонија, на среден, односно на долг рок, а продолжувајќи со препораки за зајакнување на улогата на Уставниот суд, како заштитник на човековите права и слободи на краток или среден рок, а пред аманд- манската промена на Уставот и преку користење на постоечката нормативна рамка или промена на важечки закони. На тој начин авторите предлагаат препораки што треба да одговорат на ургентната потреба од јавни политики во оваа област.en_US
dc.language.isomken_US
dc.publisherИнститут за човекови праваen_US
dc.relation.ispartofseries;2023-
dc.subjectуставна тужба, Устав, Уставен суд, РСМen_US
dc.titleПотреба за воведување уставна тужба во правниот поредок на Република Северна Македонијаen_US
dc.typeBooken_US
item.fulltextWith Fulltext-
item.grantfulltextopen-
Appears in Collections:Faculty of Law: Journal Articles
Files in This Item:
File SizeFormat 
IHR_Dokument_JP_MK.pdf356.06 kBAdobe PDFView/Open
Прикажи едноставен запис

Page view(s)

20
checked on 3.5.2025

Download(s)

4
checked on 3.5.2025

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.