Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/32539
Title: | „ОПРАВДУВАЊЕ НА ЗЛОСТОРСТВАТА“ – ПРАВНАТА ТЕОРИЈА ВО ВРЕМЕТО НА ГЕРМАНСКИОТ НАЦИОНАЛСОЦИЈАЛИЗАМ | Authors: | Спасов, Александар | Keywords: | германски националсоцијализам, правна наука, злоупотреба на правото, расизам, толкување на правото. | Issue Date: | 2022 | Publisher: | Правен факултет „Јустинијан Први“ | Journal: | Годишник на Правниот факултет „Јустинијан Први“, во чест на проф. д-р Димитар Бајалџиев | Series/Report no.: | ;60 (2022) | Abstract: | Националсоцијалистичката диктатура во Германија од 1933 до 1945 година во германската и во европската историја е најстрашниот тоталитарен и репресивен режим. Нејзиното постојано истражување и откривање на сите злосторства директно или индиректно предизвикани од овој политички режим и неговите претставници претставува цивилизациска должност и на денешните генерации, иако поминаа безмалку осум децении од неговиот крај. За разлика од политичките последици, воените злосторства и злосторствата против човештвото, некои аспекти остануваат сѐ уште недоволно истражени или познати. Еден од тие аспекти е злоупотребата на правото и улогата на правната наука и правниците во легитимирањето на нацистичките злосторства преку первертирање на правото. Овој труд ја анализира злоупотребата на правната наука со акцент на правната теорија во Германија за времето на нацистичката диктатура во обид да се даде научна легитимација на расистичкиот режим. Во трудот се анализираат поимот на државата, поимот на правото, целите на правото, вредностите на правото, изворите на правото и толкувањето на правото онака како што првенците на правната наука во нацизмот ги презентираат во своите многубројни памфлети со кои свесно се ставаат во служба на злосторничкиот режим жртвувајќи го интегритетот на правната наука. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/32539 |
Appears in Collections: | Faculty of Law: Journal Articles |
Files in This Item:
File | Size | Format | |
---|---|---|---|
Зборник-Бајалџиев.pdf | 7.3 MB | Adobe PDF | View/Open |
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.