Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/32312
Наслов: | Модификација на напречниот пресек на свртувачка комбинирана брана во фазно надвишување на хидројаловиште | Authors: | Љупчо Петковски, Стевчо Митовски, Фросина Пановска Георгиевска | Issue Date: | 2024 | Publisher: | Здружение Македонски комитет за големи брани | Conference: | Инженерството за брани во услови на енергетска транзиција и остарена хидротехничка инфраструктура | Abstract: | Најголемиот дел од водостопанската, енергетската и од рударската инфраструктура во Северна Македонија, во чијшто состав се хидротехнички објекти, се од постар датум и се наметнува проблемот за подобрување на сигурноста и функционалноста на старите брани. Подобрувањето на браните се однесува на повеќе сегменти, од кои доминантни се следните три. Прво, во изборот на инвентивни и уникатни решенија за зголемување на капацитетот на акумулациите (кај водните брани) и таложните езера (кај јаловишните брани), што е резултат смалувањето на расположливите води и порастот на потребите за вода (за водните брани) и лимитираниот простор за развој на рударството (за јаловишните брани). Второ, во иновирањето на техничката документација во согласност со најновите критериуми за хидролошка и конструкциска (статичка и сеизмичка) стабилност, зашто за населението низводно од браната сосема е небитно дали потенцијалната опасност би била од евентуално уривање на стара или нова брана. И трето, во навремената детекција и санацијата на оштетувањата на хидротехнички објекти, кои не може целосно да се избегнат зашто се предизвикани од изложеноста на активното дејство на водата, со цел да се спречи нивниот прогресивен карактер. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/32312 | ISBN: | 978-608-4953-03-6 |
Appears in Collections: | Faculty of Civil Engineering: Conference papers |
Files in This Item:
File | Size | Format | |
---|---|---|---|
22 zmkgb2024 01.pdf | 10.55 MB | Adobe PDF | View/Open |
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.