Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/32257
Наслов: | Стабилност на постојни хидројаловишта при надвишување со узводен метод на градба | Authors: | Петковски Љ., Митовски С., Пановска Ф., | Issue Date: | 2023 | Publisher: | Здружение Македонски комитет за големи брани | Conference: | 13-то Советување за водостопанство и хидротехника | Abstract: | Потребата од обезбедување дополнителен волумен за депонирање јаловиштен материјал, неопходен за редовно работење на рудниците во услови на просторно ограничување, ја актуализира надградбата на постојните хидројаловишта. Надвишувањето на постојните јаловишни брани, со методот на узводна градба на нова јаловишна песочна брана над постојното таложно езеро, е хетерогена геосредина која е подложна на ликвифакција при статичко и динамичко (циклично) оптоварување и затоа тие се хидроградежни конструкции со најголем ризик за стабилност. Ваквото надвишување се карактеризира со детални геотехнички испитувања на теренот и со софистицирани конструкциски анализи. Тие се илустрирани во овој реферат со резултати од истражувањето на стабилноста (во статички и во динамички услови) на надвишувањето на постојната свртувачка камено-земјена брана со глинено јадро, со јаловишна песочна брана над таложното езеро на хидројаловиштето Тораница, Крива Паланка, Република Северна Македонија. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/32257 | ISBN: | 978-608-4953-02-9 |
Appears in Collections: | Faculty of Civil Engineering: Conference papers |
Files in This Item:
File | Size | Format | |
---|---|---|---|
17 zmkgb2023 01.pdf | 2.1 MB | Adobe PDF | View/Open |
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.