Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/32149
Наслов: ПРАВИЛАТА НА УМЕТНОСТА, НЕОЛИБЕРАЛИЗМОТ И МЕТОДОТ НА „ДВОЈНА ИСТОРИЗАЦИЈА“ НА ПЈЕР БУРДЈЕ
Authors: Ведран Диздаревиќ
Keywords: поле на книжевноста, култура, социологија на книжев- носта,автономија, хетерономија, неолиберализам, доцен капитализам, кул- турна индустрија, марксизам, марксистичка книжевна критика
Issue Date: 13-дек-2023
Publisher: Blaže Koneski Faculty of Philology
Source: Chicago Style
Journal: JOURNAL OF CONTEMPORARY PHILOLOGY (JCP)
Abstract: Во овој труд ќе покажеме дека постои суштинска поврзаност помеѓу Пра- вилата на уметноста, главното дело на Пјер Бурдје, поврзано со книжев- носта и неговата критика на неолиберализмот, остварена во подоцнежните дела. Имено, почнувајќи од Посткриптот на Правилата на уметноста, ќе покажеме дека стекнатата автономијата на книжевното поле во XIX век (со сето она што тој процес го подразбира: харизматично „славење“ на авторот, фетишизација на книжевните дела, етаблирање антиекономска логика на книжевноста и симболички капитал, етаблирање„естетски поглед“ итн.) не е никаква гаранција дека таа нема да биде загубена во иднината. Во првиот дел ќе ја претставиме и ќе ја анализираме критиката на неолиберализмот во политиката и во економијата на Пјер Бурдје, особено потенцирајќи ги последиците врз автономијата на книжевноста и врз останатите културни полиња. Ќе образложиме (следејќи го Бурдје) дека единствениот начин да се сфати автономијата на книжевното поле и на книжевноста воопшто е да се постави во овој контекст на неолиберална политика и економија. Во вториот и главен дел ќе го претставиме поимот „двојна историзација“ на Пјер Бурдје, како метод со чијашто помош тој се обидува да одговори на предизвиците што неолиберализмот ги поставува пред културата и пред книжевноста. Детално ќе го анализираме овој поим, кој Бурдје го поставува како алтернатива на „внатрешните“ и на „надворешните“ читања. Во двата случаи – и во првиот и во вториот дел – ќе ги потенцираме неговите те- ориски сличности со одредени струи на англо-американскиот марксизам (Рејмонд Вилијамс, Тери Иглтон, Фредерик Џејмисон) и некои други тео- ретичари, како Валтер Бенјамин и Жак Рансиер. На крајот, преку три точки, ќе се обидеме да ги сумираме целите на Правилата на уметноста во овој поширок контекст.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/32149
Appears in Collections:Faculty of Philology: Journal Articles

Files in This Item:
File SizeFormat 
ПРАВИЛАТА НА УМЕТНОСТА.pdf411.55 kBAdobe PDFView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

14
checked on 3.5.2025

Download(s)

3
checked on 3.5.2025

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.