Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/31845
Title: Ергономија во насока на превенција од мускулоскелетни нарушувања
Authors: Трајче Велковски
Јасмина Чалоска
Issue Date: Oct-2020
Publisher: Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје
Abstract: Европската агенција за безбедност и здравје при работа (EU-OSHA) како дел од својата мисија спроведе серија кампањи насочени кон подобрување на работните места и намалување на ризиците по безбедноста и здравјето. Две од претходните кампањи на EU-OSHA се фокусираа на мускулоскелетни нарушувања (МСН), вклучително и првата кампања во 2000 година, под мотото „Свртете им го грбот на мускулоскелетните нарушувања“. Оваа прва кампања имаше посебен фокус на ефективното управување со ризиците од МСН, и ги вклучи сите земји-членки на ЕУ и земјите на EFTA. Втората кампања „Намалете го оптоварувањето“, во 2007 година се обиде да поттикне интегриран пристап на управување со овој проблем, нагласувајќи ја идејата дека засегнатите страни треба да работат заедно за да се справат со МСН. Покрај континуитетот во обезбедување материјали за поддршка во врска со намалувањето на ризикот, оваа втора кампања ја истакнува и важноста на управување со задржувањето, рехабилитацијата и враќањето на работата на оние кои страдаат или страдале од МСН. „Намалете го оптоварувањето“ е основната тема за Европската кампања на EU-OSHA во 2007 година која е целосно посветена на МСН. Преку двете кампањи EU-OSHA се обидува да ги поддржи сите засегнати страни во земјите-членки преку подготовка и дистрибуција на материјали за кампањата користејќи широк спектар на медиуми и пристапи. Дополнително сите земји од Европската унија кои сакаат да се вклучат во кампањата преку организација на настани и приклучување кон иницијативата на EU OSHA имаат отворена соработка и целосна поддршка.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/31845
Appears in Collections:Faculty of Mechanical Engineering: Conference papers

Show full item record

Page view(s)

32
checked on May 3, 2025

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.