Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/31580
Title: ДЕФИНИРАЊЕ НА УЛОГАТА НА ЕУ КАКО ГЛОБАЛЕН АКТЕР: ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ
Authors: Milena Apostolovska Stepanoska
Vasko Naumovski
Leposava Ognjanovska
Issue Date: Aug-2021
Publisher: Konrad Adenauer Foundation, Republic of North Macedonia Institute for Democracy “Societas Civilis”, Skopje
Abstract: Улогата и позицијата на Европската Унија како глобален актер на меѓународната сцена се базираат врз тезата дека креирањето на Унијата е со цел да се стави крај на геополитиката, чие вообичаено поимање се надоврзува на сфаќањето на динамичната моќ во меѓународните односи. ЕУ промовира нов концепт на безбедност заснован на меѓузависност и пренесен суверенитет на заеднички воспоставените институции. Одржувањето на мирот на европското тло било замислено да се одвива преку економска соработка на земјите-членки што понатаму би довела до нивна меѓусебна солидарност, што се предвидува и во Шумановата декларација од 1950 година. Либералниот светски поредок по Втората светска војна се темели на мултилатерализмот, како надворешна политика што ја практикуваат повеќе актери на меѓународната сцена, врз основа на доброволна и (во суштина) институционализирана соработка регулирана со норми и принципи кои важат (во голема мера) подеднакво за сите држави-учеснички, заради заедничко соочување со споделените проблеми и предизвици.1 Како продукт на мултилатерализмот, ЕУ повеќе децении наназад ја игнорираше „политиката на моќ“ и се концентрираше на економската интеграција2, иако причините за формирањето на овој sui generis конструкт на меѓународното право се примарно од безбедносно-сигурносен карактер. Во надворешните односи, ЕУ се перципира како „мека сила“ што ги промовира демократијата и основните права потпирајќи се на инструментите на „мека моќ“, како ефективна замена за воената моќ, односно безбедносната и одбранбена политика во однос на која земјите-членки се потпираа на водството на САД во рамките на Трансатлантскиот сојуз. Со Лисабонскиот договор, ЕУ стекна меѓународен правен субјективитет, така што може да ги остварува надлежностите во надворешната политика, вклучително и да учествува во работата на меѓународните организации, во границите на овластувањата што ѝ се пренесени од страна на земјите-членки.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/31580
ISSN: 1409-9853
Appears in Collections:Faculty of Law: Journal Articles

Files in This Item:
File SizeFormat 
Politicka Misla juli 2021.pdf1.42 MBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

38
checked on May 3, 2025

Download(s)

12
checked on May 3, 2025

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.