Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/31188
Наслов: Комуникациски предизвици во мултикултурните општества
Authors: Aneta Stojanovska-Stefanova
Runcheva Tasev, Hristina 
Magdinceva Sopova, Marija
Keywords: дијалог, медиуми, човекови права, етникуми, мултикултурализам
Issue Date: 2022
Publisher: Воронешки државен универзитет Русиjа и Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
Conference: Шеста меѓународна научна конференција ФИЛКО филологија, култура, и образование, 18-19 октомври 2021
Abstract: Дијалогот меѓу етничките заедници помага да се избегнат недоразбирањата и недовербата помеѓу различните групи на луѓе, за решавање на економските, социјалните, хуманитарните, културните и политичките проблеми со споделување на искуствата на национално, регионално, интер-регионално и меѓународно ниво. Токму во таа насока медиумите играат исклучително важна улога во обликувањето на јавното мислење и треба да придонесуваат за меѓусебно разбирање меѓу припадниците на различните етнички и верски заедници, преку зголемување на нивното знаење - едни за други. Трудот има за цел да ја анализира улогата на медиумите во справувањето со предизвиците наметнати од начинот на комуникација во едно мултикултурното општество. Во мултиетнички општества, како македонското, медиумите имаат суштинска улога кога станува збор за рефлектирање на културната разноликост, а начинот на кој медиумите ги отсликуваат одделните општествени групи може лесно да поттикне и низа негативни процеси и појави како што се стереотипи, ксенофобија, говор на омраза или етноцентризам. Конвенционалните (традиционалните), но и новите медиуми, имаат голем потенцијал да го олеснат дијалогот меѓу етничките заедници во едно општество, но истовремено претставуваат и закана за одржувањето на баланс на односите во етнички разнолико општество. Авторите ќе констатираат дека оваа цел е остварлива преку проширување на знаењата кои се однесуваат на различните вредносни системи и практики на другите културни, верски, етнички и социјални групи. Но, истовремено овој потенцијал не е едноставно да се реализира, поради тоа што медиумите работат под различни ограничувања и влијанија, кои пак можат да доведат до кратковидно, еднодимензионално, стереотипно и пристрасно пренесување на настаните поврзани со другите култури и различности.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/31188
ISSN: 978-608-244-871-8
Appears in Collections:Faculty of Law: Journal Articles

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
Филко труд.pdf3.53 MBAdobe PDFView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

29
checked on 3.5.2025

Download(s)

4
checked on 3.5.2025

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.