Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/31048
Наслов: РАБОТНИТЕ ОДНОСИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА ВРЕМЕ НА COVID-19 – КРИТИЧКИ ОСВРТ КОН МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА НА РАБОТНИЦИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА
Authors: Каламатиев Тодор
Ристовски Александар
Keywords: работни односи, мерки за поддршка на работници и компании, привремено принудно платено отсуство од работа, работа на далечина.
Issue Date: 2021
Publisher: IURIDICA PRIMA Институт за правно економски истражувања и едукација
Series/Report no.: ОХРИДСКА ШКОЛА НА ПРАВОТО;13-14
Conference: 7-ма Меѓународна научна конференција, Реформи во правото: Реалност или неостварена желба, 21-24 Октомври Охрид 2021
Abstract: Во услови на здравствено-економска криза предизвикана од COVID-19, Северна Македонија, првенствено е исправена пред главниот предизвик за заштита на населението од ширење и превенција од вирусот, а потоа и пред предизвикот за одржување на ликвидноста на стопанството и заштитата на работниците од губење на нивното вработување и приходи од работата. Одговорите на погоре споменатите предизвици во сферата на работните односи се состоеја во усвојување и примена на мерки насочени кон заштитата на здравјето и безбедноста на работниците при работа, заштитата на сигурноста на работниот однос и заштитата на приходите од вработувањето. За времетраење на пандемијата, значајна примена во практиката имаат неколку одредби од постоечкото работно законодавство преку кои доаѓаат до израз темпоралната, финансиската и функционалната флексибилност. Помеѓу нив, авторите на овој труд посебно се задржуваат на правната интерпретација на одредбите со кои се регулира прекинот на работата (т.н. привремено принудно платено отсуство од работа), а чија примена предизвикува дилеми во стручната и пошироката општествена јавност. Дополнително, авторите се осврнуваат и кон работата на далечина кoја и покрај тоа што е една од најзначајните мерки применливи во услови на COVID-19 воопшто не е регулирана во постоечкото работно законодавство.Покрај примената на мерки кои произлегуваат од постоечкото работно законодавство, авторите ги анализираат и посебните мерки усвоени за времетраење на пандемијата со кои се уредува правната положба на поединечни категории на посебно ранливи работници (бремени жени, хронично болни работници, работници со родителски обврски, нестандардни работници и сл).
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/31048
ISBN: 978-608-66152-9-1
Appears in Collections:Faculty of Law: Conference papers

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
Juridika Prima 2022.pdf498.14 kBAdobe PDFView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

6
checked on 25.7.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.