Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/30534
Наслов: Судските реформи помеѓу европските стандарди и остатоците од социјалистичката правна традиција: Судската култура како клучен фактор за одржливоста на реформите
Authors: Preshova, D
Issue Date: 2023
Publisher: ЦЕНТАР ЗА СТРАТЕГИСКИ ИСТРАЖУВАЊА „КСЕНТЕ БОГОЕВ“ при МАКЕДОНСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ
Conference: НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗАБРЗУВАЊЕ НА ПРОЦЕСОТ НА ПРИСТАПУВАЊЕ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ: КЛУЧНИ ПРЕДИЗВИЦИ И ПРИОРИТЕТИ
Abstract: Во изминативе нешто повеќе од 30 години од независноста на државата, Северна Македонија помина низ бројни циклуси на реформи во судството кои воедно вклучуваа измена на Уставот, промена на законодавството, генерален реизбор и комплетна реорганизација на судството. Исходот од сите овие реформи се чини дека е далеку под очекувањата за остварување одржливи промени кои ќе обезбедат вистински независно и непристрасно судство. Константно се повторува од домашни и меѓународни фактори дека правната и институционалната рамка на државата е во голема мера усогласена со европските стандарди, но она што отсуствува е имплементацијата, односно соодветна институционална практика во примената на правните правила. Која е причината за ваквата состојба со судството? Која е причината за отсуство на соодветна имплементација? Во овој труд одговорот на овие прашања се лоцира преку еден поим кој ги поврзува формалните правила со неформалните практики, а тоа е судската култура. Најчесто судската култура се дефинира како вградените карактеристики на конкретниот правен систем од кои зависи начинот на кој се остварува и вреднува работата на судиите. Овие карактеристики можат да бидат од формална или неформална природа. Поради тоа увидот во судската култура обезбедува посоодветно дизајнирање и обмислување на судските реформи, што за жал често отсуствува. Имено фокусирањето исклучиво на промена на формалните правила, кој пристап го забележуваме и кај нас, без при тоа паралелно да се менува менталитетот и културата на судиите најчесто резултира со негативен исход. Поради тоа соодветната контекстуализација на судските реформи во Северна Македонија треба да оди преку прецизно мапирање на доминантните карактеристики на судската култура, особено оние кои се сметаат за остатоци од социјалистичката правна традиција и кои се одржуваат преку правничкото образование, иницијалната и континуирана обука на судиите и судската социјализација
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/30534
Appears in Collections:Faculty of Law: Conference papers

Прикажи целосна запис

Page view(s)

17
checked on 19.7.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.