Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/29136
Title: Полицијата и јавноста (Анализа на истражувачки резултати 2009 - 2017 година)
Authors: Мојаноски Т. Цане
Дујовски, Никола
GJurovski, Marjan 
Keywords: полиција, јавност, безбедност
Issue Date: 2018
Publisher: Факултет за безбедност - Скопје
Abstract: Појавата на ракописот „Полицијата и јавноста - анализа на истражувачки резултати 2008-2017 година“ е еднодецениски напор на носителот на овој проект на Факултетот за безбедност. Во 2008 година, на Факултетот за безбедност функционираше студентски истражувачки тим кој промислуваше неколку теми за истражување. Таа година беше реализирано, на шест државни и приватни универзитети, со 1.344 испитаници, студентското истражување „Студентот во социјалните и наставните процеси во Македонија“. Паралелно со оваа активност на Факултетот се одвиваше и самостојниот истражувачки проект на професор д-р Фросина Ташевска-Ременски насловен со „Јавниот лик на полицијата“. Дел од резултатите на ова истражување се анализирани и во овој труд. Во текот на 2008 година студентите го реализираa пилот-истражувањето „Граѓаните на Република Македонија за работата на полицијата“, кое како проект беше констатирано на органите на Факултетот за безбедност. Покрај носителот на проектот во овој истражувачки зафат и професорката д-р Фросина Ташевска-Ременски, беше вклучен и професорот д-р Борис Мургоски. За нивната работа, ангажирање и помош изразувам јавна благодарност. Од 2009 до 2013 годинаистражувачкиот тим функционираше во овој состав. И покрај преземените обврски тимот во целина, не успеа да се пројави со извештај, анализа или пресек на истражувачките резултати. Во овој период индивидуално, во рамките на научните трудови на авторите одделно, беа објавени анализи на определени аспекти и беа презентирани и коментирани истражувачки резултати. Во 2013 година, на Факултетот за безбедност се случија кадровски смени, надвор од вообичаената практика на Универзитетот, која влијаеше на односите меѓу членовите на тимот и тој повеќе ја немаше потребната компактност и енергија за справување со истражувачкиот зафат. Истражувачкиот процес продолжи како индивидуална активност на носителот на истражувањето. Во 2016 година беше направен обид еден проширен состав и тимот да се пројави со заедничка студија. На почетокот од 2017 година, носителот на проектот и авторите на денешниот ракопис ја преземаа обврската за обликување на анализата од овие истражувачки резултати. Резултатот на повеќемесечното работење е понуден на судот на јавноста. За реализација на истражувањето и истражувачките теренски активности од секоја генерација беа ангажирани од 60 до 90 студенти од подрачјето на Република Македонија. Во оваа прилика изразувам XVIII посебна благодарност на секој студент истражувач одделно и на сите студенти заедно за напорот кој беше вложен и за можноста да констатираме дека десетгодишен напор е крунисан со сознанија кои ќе се од особено значење и напредок. Во овој период со институцијата раководеа професорите д-р Јанко Јакимов, д-р Снежана Никодиновска-Стефановска, д-р Борис Мургоски и д-р Оливер Бачановиќ. Во оваа прилика им изразувам посебна благодарност што ја подржуваа и помагаа истражувачката активност на Факултетот. Во реализацијата на истражувањето силна поддршка и соработка беше пружена од професорите д-р Борис Мургоски и д-р Фросина Ташевска-Ременски, како и од моите соработници м-р Викторија Тодоровска и м-р Ина Курти, за што изразувам посебна благодарност. Понудените содржини, на еден или друг начин се резултанта и на заедничкото работење и создавање, за што членовите на тимот имаа навремено обработени и целосни сознанија и резултати. Понудената анализа на истражувачките резултати во основа е резултат на носителот на истражувањето. Во неа свој придонес имаат и професорот д-р Никола Дујовски и доцент д-р Марјан Ѓуровски. Со колегата Дујовски, во изминатите години успешно ја реализиравме наставата и предметните содржини од научната дисциплина „Полициски менаџмент“ во чии рамки беа реализирани неколку заеднички трудови. Дел од тие дебати успешно се вградени во понудената анализа. Соработката со доцент д-р Марјан Ѓуровски, започна со реализација на истражувањето „Безбедноста и безбедносните закани за Република Македонија“ во 2014 година. Од ова истражување беше објавена заедничка (со повеќе автори) публикација. Соработката продолжи и со овој ракопис. Во оваа прилика посебно благодарам за сочинетите заклучоци и препораки како дел од оваа студија. Резултатот од повеќемесечната активност е заеднички резултат со надеж дека нуди сознанија и информации, кои ќе се од значење за научната заедница, но и за полицијата и полициската организација. Понудената анализа е само првиот облик што го нуди богатството од истражувачки резултати. Авторите се надеваат и очекуваат да се пројави иницијатива и активност за натамошна продлабочена анализа на податоците, како и на обиди да се изврши компарација на овие со истражувачките резултати на професорот Наум Шурбановски кој во далечната 1989 година ги објави истражувачките резултати насловени како „Мислењето на граѓаните за работата на милицијата“.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/29136
ISBN: 978-608-4828-27-3
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 02: Monographs / Монографии

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
Monografija POLITSIJATA-I-JAVNOSTA-Analiza-na-istrazhuvachki-rezultati-2009-2017-godina.pdfПОЛИЦИЈАТА И ЈАВНОСТА (Анализа на истражувачки резултати 2009 - 2017 година)5.31 MBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

24
checked on May 2, 2024

Download(s)

2
checked on May 2, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.