Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/29101
Title: Безбедносни ризици и закани - третман, феноменологија и мапирање -
Authors: GJurovski, Marjan 
Николовски, Марјан
Герасимоски, Саше
Keywords: Безбедносни ризици, закани, третман, феноменологија и мапирање
Issue Date: 2020
Publisher: Фондација Конрад Аденауер, Канцеларија Скопје Универзитет Св. Климент Охридски – Битола
Abstract: Овој ракопис произлегува од пилот проект за истражување од кој се презентирани дел од прелиминарните резултати кои се однесуваат на утврдување на безбедносните ризици со кои денес се соочуваат современото македонско општество и држава. Ова претставува вовед во градење на модел за подлабоко следење и мапирање на безбедносните ризици и закани од страна на Факултетот за безбедност Скопје кое авторите имаат за цел да го воспостават. Ракописот дава придонес кон веќе објавените публикации и истражувања на Факултетот за безбедност, меѓу кои Индексот за безбедност 1 и 2 во издание на Фондацијата Конрад Аденауер и Мислењето на граѓаните на безбедноста и безбедносните закани на Република Северна Македонија. Со цел да се зголеми бројот на објавени публикации од безбедноста, ризиците и закани, овој пат се одлучивме да извршиме прелиминарно истражување на безбедносните ризици во Република Северна Македонија: мапирање, етиологија, феноменологија и третман на безбедносни ризици. Инаку досега oд страна на Факултетот за безбедност пред четири години е реализирано научно истражување за мислењето на граѓаните за безбедносноста и безбедносните закани. Ракописот што е пред вас ќе направи негово надополнување и проверка на дел од безбедносните закани и ризици. Посебна цел на овој ракопис кој е во издание на Фондацијата Конрад Аденауер, е воспоставување методологија која ќе се однесува на појаснување на процесот на мапирање на посебните елементи на ризикот кои се однесуваат на податоци за идентификуваните опасности, изложеноста на потенцијалните елементи на загрозување, податоци за нивната ранливост, како и податоци за капацитетите (ресурсите) на системот за управување со кризи кои може да се употребуваат во функција на превенција и справување со потенцијалните ризици и надминување на предизвиканите последници. За прв пат во Република Северна Македонија процената на ризиците и закaните по националната безбедност беше јавно публикувана во Стратегијата за одбрана на Република Северна Македонија од 1998 година. Во овој документ се оперираше со термините опасности и извори на загрозување. Додека во Националната концепција за безбедност и одбрана од 2003 година се употребуваат поимите ризиците и заканите по националната безбедност. Карактеристично е што до објавувањето на овие стратегиски документи беа правени процени на заканите за потребите на одбраната, меѓутоа овие процени не беа изнесувани јавно. Потоа, Република Северна Македонија направи јавна процена на ризиците и заканите. Во законот за управување со кризи од 2004 година дадена е дефиниција на ,,ризиците и опасности“ по националната безбедност и поимот ,,загрозеност на безбедноста на Републиката“. Подетална процена на ризиците и заканите по националната безбедност е направена во Стратегискиот одбранбен преглед (СОП) во 2004 година. 10 Безбедносни ризици и закани - третман, феноменологија и мапирање - Во првиот дел од ракописот ќе се задржиме на подетална анализа и објаснување на ризиците и заканите по националната безбедност кои произлегуваат од спроведеното пилот истражување и дел од нив се дефинирани во горе наведените стратегиски документи на Република Северна Македонија. Поаѓајќи од претпоставката дека живееме во ризично општество во кое безбедносните ризици стануваат сè побројни, пофлуидни и поразновидни, во ова истражување користиме современа теоретска основа врзана со проучувањето на современите ризици како општествен и безбедносен проблем, а пред сè, настојуваме во контекст на современите општествени услови и поставеност на државата и нејзините безбедносни институции да утврдиме дали се присутни основните карактеристики на безбедносните ризици својствени за глобализираните и постмодерните општества. Денес живееме во време кога безбедносните ризици доминираат во современиот безбедносен хоризонт, она што недостасува се научноистражувачки резултати кои ќе укажат на опасностите од современите видови ризици и нивната закана по виталните интереси и безбедноста на граѓаните, пред сè. Научните истражувања во областа на безбедносните ризици во Република Северна Македонија се недоволни. Во публикацијата ќе се задржиме на резултатите од спроведното истражување на стручната јавност на тема „Безбедносните ризици во Република Северна Македонија“, на кое претходеше теоретска разработка на различните пристапи во дефинирање на безбедносните ризици. Во истражувањето е опфатена стручната јавност, односно претставници на институциите кои имаат директна надлежност во делот на справување со безбедносните ризици и закани. Брзиот развој на науката, технологијата, новите светски процеси, облиците на меѓународна соработка воспоставија нови вредности и стандарди. Брзото темпо на промени придонесе меѓународната безбедност (а со тоа и националната безбедност) да се најде на удар на новите типови сериозни закани. Кога зборуваме за опасности и ризиците на новиот милениум, можеме да кажеме дека денес се намалени опасностите кои беа карактеристични за минатиот век, како: воениот ризик, агресијата и сл. Заканите по националната безбедност, по вредностите и интересите, стануваат повеќекратни, покомплексни и помалку предвидливи и доаѓаат од различни правци, што ги прави потешки за анализа и контрола. Државната заедница од секогаш била изложена на загрозувања, со тоа што се менувале облиците и интензитетот на нивното манифестирање. Сериозноста на заканите на XXI век е примената на информатичката инфраструктура во разградување на вредностите, тип на закани кои оневозможуваат гарантирање на животот и здравјето на граѓаните, сериозност на загрозување на вредностите и интересите на граѓаните. Заканите во новиот милениум можат да се амортизираат 11 Марјан Ѓуровски Марјан Николовски Саше Герасимоски и да се решаваат само со помош на меѓународно креирана безбедносна политика, врз чии основи се гради и политиката на национална безбедност.1 Во рамките на безбедносната политика Република Северна Македонија има интенција да обезбеди сигурност и заштита на граѓаните, како од надворешните така и од внатрешните влијанија и закани од најразличен карактер: безбедносен, економски, политички, еколошки, културен и сл. Главната закана по безбедноста се тензиите и антагонизимите кои се резултат на интеретнички конфликти, екстремен национализам, погрешни реформи и економска неефикасност, фреквенција и огромни димензии на природни и/или технолошки катастрофи со големо влијание врз општеството. Покрај слабата економија, политичките, социјалните и етничките состојби во државата, како нови видови опасности би ги споменале: меѓународен тероризам, организиран криминал (трговија со луѓе, оружје, дрога, перење пари, илегална миграција), милитантниот национализам, фундаментализам и сл. Ваквите видови закани можат директно или индиректно да влијаат врз националната безбедност на државата. Истите ја поткопуваат безбедноста, демократските и економските темели на општеството преку слабеење на државните институции и губење на довербата во владеење на правото. И покрај обидите институциите навремено да ги детектираат и да се справуваат со потенцијалните опасности по безбедноста на државата, денес државата се соочува со сериозна политичка, економска и безбедносна криза која претендира да го загрози нејзиниот опстанок. Нефункционирањето на иституциите се јави како погодно тло за развој на организираниот криминал и корупцијата, како и пад на странските инвестиции и економијата. Ако на тоа се додаде и светската мигрантска криза, која, за жал, има директно влијание на економскиот, политичкиот и безбедносниот систем на Република Северна Македонија, тогаш државните институции постојано да ги следат потенцијалните ризици и истите да ги превенираат преку серија на мерки и активности. Тргнувајќи од тие основи, како и актуелноста на проблематиката со истражување на безбедносните ризици, Факултетот за безбедност како високообразовна научноистражувачка институција, образува кадри чија основна задача е навремено детектирање, превенирање и спречување одредени ризици да не прераснат во закани и загрозувања од пошироки размери. Имајќи го предвид кадровскиот потенцијал, долгогодишното практично искуство, научноистражувачкиот потенцијал, негова основна задача е да ги промислува и да ги истражува општествените феномени, а во тие рамки и безбедносните ризици кои можат да ја загрозат националната безбедност, како и безбедноста во поширокиот регион.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/29101
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 02: Monographs / Монографии

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
Monografija Bezbednosni rizici i zakani -MKD IZDANIE.pdfБезбедносни ризици и закани - третман, феноменологија и мапирање1.85 MBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

21
checked on Apr 29, 2024

Download(s)

3
checked on Apr 29, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.