Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/29099
Title: Функционирањето на безбедносниот систем на Република Северна Македонија во услови на вонредна и кризна состојба - студија на случај
Authors: Мојаноски, т. Цане
Николовски, Марјан
Батиќ, Драгана
Дујовски, Никола
GJurovski, Marjan 
Issue Date: 2021
Publisher: Факултет за безбедност – Скопје
Abstract: Република Северна Македонија во почетокот на 2020 година се соочи со сериозна закана од пандемија со коронавирусот. Светската здравствена организација го класифицира новиот коронавирус како глобална здравствена опасност во светски размери и поради тоа прогласи пандемија на светско ниво. Во тој период во екот на пандемијата, Собранието на Република Северна Македонија беше распуштено, поради претходно договорен датум за одржување на предвремени парламентарни избори, по предлог на Владата, претседателот на Република Северна Македонија прогласи вонредна состојба на цела територија на Републиката врз основа на членот 125 од Уставот. Како општествено одговорна институција Факултетот за безбедност преку истражувачкиот тим, активно се вклучи во истражувачки проект со повеќе научнофундирани инструменти заради согледување на недостатоците во функционирање на институциите (на централно и локално ниво) и предлагање на мерки за подобро функционирање и справување со пандемијата Ковид-19. Од детектирање на првиот позитивен случај во февруари 2020 година, Владата на Република Северна Македонија воведе рестриктивни мерки кои подразбираа полициски час, целосен карантин на граѓаните за време на викендите до средината на месец мај. Овие мерки даваа ефект, бидејќи секојдневно имаше по 20 нови случаи . Во јуни 2020 година, веднаш по верските празници, започна вториот, посериозен бран со околу 150 случаи на ден, за да од октомври започне уште потежок период, со по илјада заболени и со голем број на смртни случаи. Цел на проектот е да се утврдат евентуалните критични области во безбедносниот систем на Република Северна Македонија во кои се потребни елементи за позитивна промена, меѓу другото и во делот на кризниот менаџмент и заштита и спасување. Воедно да се дојде до предлози и можни решенија за градење ефикасен безбедносен систем каде интегрален дел е управувањето со кризи и заштитата и спасување во Република Северна Македонија и, секако, креирање на соодветна безбедносна политика. Безбедносниот систем на Република Северна Македонија во своите задачи ја има превенцијата во контекст на намалување на ризиците од катастрофи и обединување на превентивните активности на сите институции кои се инволвирани со системот за управување со кризи и системот за заштита и спасување. 2 Проектот треба да одговори на прашањата за кои постои интерес во научната и општествената јавност од предизвикување и начинот на справување со последната пандемија, опасности и ризици во Република Северна Македонија. Во проектот треба да се актуализира расправата за генералното функционирање на системот за рано предупредување и справување со ризиците од кризи и катастрофи како составен дел на безбедносниот систем на Република Северна Македонија.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/29099
ISBN: 978-608-4828-57-0
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 02: Monographs / Монографии

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
Funkcioniraweto-na-Bezbednosniot-sistem-na-RSM-vo-vreme-na-vonredna-i-krizna-sostojba.pdfФункционирањето на безбедносниот систем на Република Северна Македонија во услови на вонредна и кризна состојба - студија на случај2.29 MBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

35
checked on May 2, 2024

Download(s)

11
checked on May 2, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.