ОБРАЗОВНАТА СТРУКТУРА НА ВРАБОТЕНИТЕ И ЗДРАВЈЕТО КАКО ДЕТЕРМИНАНТИ НА ЧОВЕЧКИОТ КАПИТАЛ ВО МАКЕДОНИЈА
Journal
Годишник на Економски факултет - Скопје, 2018
Date Issued
2018
Author(s)
Abstract
Образованието игра централна улога во подготвувањето на луѓето да влезат на пазарот на трудот, нудејќи им можност да ги подобрат и зголемат нивните знаења, вештини и способности. Од друга страна, здравјето е клучна компонента на благосостојбата и стандардот на живеење на поединецот. Како детерминанти на човечкиот капитал кој е еден од факторите на производство, придонесуваат за решавање на клучни економски проблеми, особено во процесот на глобализација каде економиите се трансформраат и се базираат на знаењето. Порастот на количеството човечки капитал значи подобрување и зголемување на нивото на бруто домашниот производ. Целта на овој труд е да се прикаже образовната структура на вработените и да се оцени нејзиното влијанието и влијанието на здравјето врз економскиот раст во периодот од 2000 до 2016 година преку користење на економетриска анализа на временските серии на варијаблите. Исто така, накратко се прикажани и ефектите на образовната структура на вработените врз пазарот на труд преку дескриптивна статистика на заработките по час. Регресиона анализа проследена со испитување на стацинарноста на сериите, како и испитување на неопходните услови за избор на најдобар модел од достапните алтернативи, се користат за тестирање на ефектите од образовната структура на вработените и здравјето врз економскиот раст во Македонија. Резултатите покажуваат дека постои позитивна врска, односно дека образовните квалификации и очекуваниот век на живеење имаат позитивен ефект врз БДП per capita во Македонија. Сите варијабли се статистички значајни. Здравјето има позитивен ефект врз економскиот раст, меѓутоа високо-образовните квалификации имаат најголемо влијание врз економскиот раст во Македонија споредено со другите нивоа на образование.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Годишник на Економски факултет-Скопје 2018.pdf
Size
8.59 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):7748b8a3dfb38531dc43561f21f0ac94
