Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/28142
Title: Прогностичката вредност на компјутеризираната томографска пулмонална ангиографија кај пациенти со акутна белодробна емболија.
Authors: Nikolova, Sonja 
Keywords: венски тромбоемболизам
акутна белодробна емболија
хронична белодробна емболија
десносрцева дисфункција
компјутерска томографска пулмонална ангиографија (КТПА)
пулмонален артериски опструкциски индекс (ПАОИ)
пулмонална хипертензија
длабока венска тромбоза
ехокардиографија
МР ангиографија
Issue Date: 27-Sep-2023
Abstract: ИЗВАДОК Белодробната тромбемболија (БТЕ) и длабоката венска тромбоза (ДВТ) се таргет и етиологија на венскиот тромбоемболизам (ВТЕ), кој е трето најчесто кардиоваскуларно заболување по исхемичната болест на срцето и цереброваскуларните болести. Акутната белодробна емболија (АБЕ) е медицинска итност и сериозна клиничка манифестација на ВТЕ, а настанува како резултат на дешаржирање емболуси во пулмоналниот артериски систем со последична артериска оклузија што ја зголемува белодробната васкуларна резистенција и доведува до десносрцево оптоварување и акутна слабост на десниот вентрикул, што е животозагрозувачка состојба. Белодробните емболуси најчесто потекнуваат од централните длабоки вени на долните екстремитети. Имајќи ја предвид високата стапка на смртност кај пациенти со десносрцева дисфункција (ДСД), дури и во случај на иницијална хемодинамска стабилност, навремената дијагноза и брзото менаџирање се основа за реверзибилност на состојбата. Значително подобрениот квалитет на сликата и дијагностичкиот перформанс на КТ пулмоналната ангиографија, му овозможуваат на овој дијагностички модалитет да биде имиџинг-техника на избор кај суспектна белодробна емболија. Во последната деценија, КТПА бележи драматично подобрување на квалитетот на снимање на пулмоналната циркулација, а овозможува и калкулација на ПАОИ, што ѝ дава квантитативна вредност на тежината на АБЕ. Со оглед на фактот што КТПА ги визуализира срцевите структури, таа е потенцијален метод за процена на функцијата на ДВ, без одложувањата што се асоцирани со стационарната ехокардиографија. Цел на истражувањето: Да се направи детална радиолошка евалуација на иницијални и контролни КТПА кај пациенти со дијагностицирана АБЕ и преку корелација на пулмоналниот артериски опструкциски индекс (ПАОИ) со неколку КТкардиоваскуларни маркери на десносрцева дисфункција, добиени од КТПА-прегледите, да се утврди нејзината прогностичка вредност во стратификацијата на ризикот од развој на ДСД. Материјал и методи: Истражувањето претставува аналитичка студија на пресек и во целост се спроведе на ЈЗУ Универзитетски институт за радиологија во Скопје, а како извор на податоци се користеа реализираните иницијални и контролни КТПА за 119 испитаници со работна дијагноза – АБЕ, нивните наоди од иницијалните и контролните ехокардиографски прегледи, како и анамнестични податоци добиени од посебно дизајниран прашалник за потребите на истражувањето. Испитуваниот примерок во однос на ехокардиографскиот наод беше поделен во две групи, оние со присутна или отсутна десносрцева дисфункција. Присуството на десносрцева дисфункција се евалуираше преку квантитативни мерења на ПАОИ и повеќе КТкардиоваскуларни параметри. Резултати: Во студијата консекутивно беа вклучени вкупно 119 испитаници чија полова структура ја сочинуваа 60 (50,42%) мажи и 59 (49,58%) жени, на просечна возраст од 57,78 ± 15,7 години, во распон од 19 до 91 година. Беше пресметана просечна телесна тежина кај испитаниците од 81,84 ± 11,9, а таа се движеше во ранг од 53 до 120 килограми. ПАОИ и повеќето КТ-маркери на ДСД покажаа статистички несигнификантни разлики во однос на полот, со исклучок на дијаметарот на аортата (p = ,011) и дијаметарот на ВКС (р = ,015). Во однос на возрасната дистрибуција, статистички сигнификантни разлики покажаа дијаметрите на ПА (p = ,002), Ао (p = ,000), ВКС (p = ,001), односот ПА/Ао (p = ,015) и контрастниот рефлукс во ВКИ (р = ,007). Дијаметрите на ПА, Ао и ВКС беа сигнификантно статистички асоцирани со телесната тежина на испитаниците (p = ,004), (p = ,000) и (p = ,000), соодветно. 54 (45,38%) испитаници се изјасниле како активни пушачи, додека 65 (54,62%) како непушачи. Се следеше тенденција за повисоки просечни вредности и медијани на ПАОИ, ДА, ДА/ЛА, ДВ, ДВ/ЛВ, ПА и ВКС кај непушачите, а статистички сигнификантна разлика во однос на пушачкиот статус се пресмета за ПАОИ, ДА, ЛА, ДА/ЛА, ЛВ, ДВ/ЛВ, ПА и ПА/Ао, р = ,031, р = ,029, р = ,032, р = ,014, р = ,024, р = ,040, р = ,003 и р = ,031, соодветно. Контрастен рефлукс во ВКИ и шифт на ИВС во поголем процент се следеше кај непушачи, 51 (65%) и 34 (52,3%) соодветно, а статистички сигнификантна асоцијација се нотираше само кај контрастниот рефлукс во ВКИ (p = ,004). 49 (41,18%) испитаници имаа знаци за ДВТ, за сметка на преостанатите 70 (58,82%). Евидентно е дека просечните вредности и медијани на ПАОИ, ДА/ЛА, ДВ/ЛВ, ПА/Ао и ВКС беа изразено повисоки кај испитаниците со конкомитантна ДВТ, 61,54 ± 29,24 (Ме = 65), 1,44 ± 0,44 (Ме = 1,6), 1,49 ± 0,53 (Ме = 1,5), 0,93 ± 0,1 (Ме = 0,9) и 2,14 ± 0,3 (Ме = 2,1), соодветно. Се добија статистички сигнификантни разлики за ПАОИ, дијаметарот на ДА, односот ДА/ЛА, дијаметарот на ДВ, дијаметарот на ЛВ, односот ДВ/ЛВ, помеѓу двете групи испитаници, а во однос на присуството на ДВТ (р = ,023, р = ,026, р = ,016, р = ,020, р = ,012 и р = ,017, соодветно). На иницијалните КТПА-прегледи, просечната вредност на ПАОИ1 изразена во проценти беше 54,33 ± 28,1%, додека на контролните КТПА-прегледи 7,14 ± 15,3%. Се утврди статистички сигнификантна разлика за р < ,05 помеѓу просечните вредности на ПАОИ и речиси сите КТ-параметри на ДСД помеѓу иницијалните и контролните КТПА-мерења, со исклучок на дијаметарот на Ао (р = ,825). На иницијалните и контролните КТПАмерења, како и на разликата од двете мерења, се регистрираше силна и статистички сигнификантна, позитивна корелација на ПАОИ со знаците за ДВД на ехокардиографија, контрастниот рефлукс во ВКИ, шифтот на ИВС, дијаметарот на ДА, ДВ, односот на дијаметрите ДА/ЛА, ДВ/ЛВ, дијаметарот на ВКС и ПА, за р < ,05. Се следеше статистички сигнификантна корелација помеѓу редукцијата на ПАОИ и редукцијата на КТ-маркерите на ДСД на контролните КТПА. Во однос на ДВД детектирана на иницијалната ехокардиографија, испитаниците беа поделени на две групи, група од 77 испитаници со детектирана ДВД и преостанатите 42 без, при што се добија статистички сигнификантни разлики за р < ,05, помеѓу ПАОИ, ДА, односот ДА/ЛА, ДВ, ЛВ, ДВ/ЛВ, ПА, ВКС, рефлуксот во ВКИ и шифтот на ИВС, од иницијалните КТПА-мерења. Во однос на ДВД детектирана на контролната ехокардиографија се добија идентични резултати за разликите помеѓу ранговите на ПАОИ- и КТ-маркерите на ДСД од контролните КТПА-мерења. Во однос на процентуалната разлика за детектирана ДВД на иницијалните и контролните ехокардиографии, бројот на оние кај кои се детектираше ДВД опадна од 77 на 9, па според индексот на динамика, се регистрираше темпо на опаѓање од 88,3%. Анализата на ROC-кривите за ПАОИ, дијаметарот на ДА, односот на дијаметрите ДА/ЛА, дијаметарот на ДВ и односот на дијаметрите ДВ/ЛВ покажа дека тие претставуваат одлични предиктори на ДСД, со високи вредности за регијата под кривата. ПАОИ придонесуваше во дијагностицирање на ДСД со 92,5% [AUC = 0,925 (95% CI, 0,881-0,969, p < 0,0001)], со сензитивност од 79,2%, специфичност 83,3% и cut off вредност од 43,75%. Дијаметарот на ДА беше со AUC-вредност на ROC-кривата од 92,5% [AUC = 0,925 (95% CI, 0,881-0,97, p < 0,0001)], сензитивност од 79,2%, специфичност 78,6% и cut off вредност што предвидува позитивна состојба од 6,45 см. Односот на дијаметрите помеѓу десен и лев срцев атриум придонесуваше во предикција на ДСД со 89,9% [AUC = 0,899 (95% CI, 0,845-0,953, p < 0,0001)], сензитивност од 79,2%, специфичност од 76,2% и cut off од 1,25. И дијаметарот на ДВ се покажа како одличен предиктор на ДСД со AUC-вредност од 93,9% [AUC = 0,939 (95% CI, 0,899-0,979, p < 0,0001)], сензитивност од 81,8%, специфичност 83,3% и cut off вредност од 4,75 см. Односот на кратките оски на десен и лев срцев вентрикул имаше вредност на регијата под кривата од 92,1% [AUC = 0,921 (95% CI, 0,875-0,967, p < 0,0001)], сензитивност на предикција од 77,9%, специфичност 83,3% и cut off вредност од 1,15. Заклучок: Со оваа студија се потврди значењето на КТПА во промптната дијагноза и менаџмент на АБЕ, како и нејзината прогностичка вредност во предвидување на евентуални компликации. КТПА има можност да идентификува и да квантифицира десносрцева слабост и да го стратифицира ризикот преку евалуација на ПАОИ и неколку кардијални КТ-параметри што се прогностички маркери за АБЕ. Студијата ќе најде особена примена во формирање на мултидисциплинарен консензус во однос на контролните КТПА-протоколи кај пациенти со АБЕ, а преку евалуација на ПАОИ и десносрцевата дисфункција асоцирана со ПАОИ, ќе се оптимизира времетраењето на терапијата и ќе се избегнат непотребните имиџинг-испитувања, односно преддијагностицирањето.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/28142
Appears in Collections:Faculty of Medicine: PhD Theses

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
ДОКТОРСКА ДИСЕРТАЦИЈА.pdf2.99 MBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

51
checked on Apr 29, 2024

Download(s)

21
checked on Apr 29, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.