КЛУЧНИ ФИНАНСИСКИ ПАРАМЕТРИ И ДЕТЕРМИНАНТИ НА ИНВЕСТИЦИСКАТА АКТИВНОСТ НА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ ВО ПЕРИОД НА ГЛОБАЛНА ЕКОНОМСКА КРИЗА
Journal
Годишник на Економски факултет, Том 48 (2013)
Date Issued
2013
Author(s)
Abstract
Во последниве неколку години, бруто-инвестициските стапки во Македонија достигнаа ниво од околу 27%, а стапките на економски растеж претежно останаа позитивни и покрај влијанието на глобалната економска криза. Тоа, сепак, најмногу се должи на големата буџетска потрошувачка, што резултираше и со висок буџетски дефицит и пораст на нивото на јавен долг. Гледајќи го стриктно бизнис-секторот, може да се заклучи дека иако компаниите во целина бележат позитивни финансиски резултати, таквите остварувања не се рамномерно распоредени и придонесот на одделни компании кон општата перцепција е толкав што нивното исклучување од анализата дава дијаметрално спротивна слика. Податоците покажуваат дека економијата ја губи кондицијата, што се гледа од намалената профитабилност, зголемената задолженост, порастот на нефункционалните пласмани на банките и опаѓањето на инвестициската активност.
Применатата регресиона анализа на панел од податоци на 48 македонски компании, со методот на обични најмали квадрати покажува дека нивната инвестициска активност најмногу зависи од остварените добивки во претходните години. Компаниите не реагираат многу на порастот на продажбите, а неочекувано негативно влијание има кредитоспособноста на компанијата.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Trud-Arsov-Godisnik 2013.doc
Size
166 KB
Format
Microsoft Word
Checksum
(MD5):aea5b06a253676496c05d42526b4b04a