ВЛИЈАНИЕ НА ЛИВЕРИЏОТ НА КОМПАНИЈАТА ВРЗ НЕЈЗИНАТА ПРОФИТАБИЛНОСТ НИЗ ПРИМЕРОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ
Journal
Годишник на Економски факултет, 2015
Date Issued
2015
Author(s)
Abstract
Во досегашниот развој на теоријата за структурата на капиталот трошоците на задолжувањето, генерално, е прифатено дека предизвикуваат намалување на добивката, иако поради дејството на даночниот штит, плаќањето на каматата на кредитите може да има и позитивно дејство врз просечната цена на капиталот. Иако оваа релација се чини едноставна и еднонасочна, треба да се има предвид дека задолжувањата се прават со цел да се реализираат одредени деловни потфати, па доколку остварените придобивки од нив го надминуваат трошокот на долгот ефектот на задолжувањето врз профитабилноста би бил позитивен. Со цел да испитаме какви се ефектите врз ливериџот кај македонските компании, составивме примерок од 47 акционерски друштва и со финансиските податоци за периодот 2009-2013 година спроведовме истражување во форма на панел-регресија. Сумарната статистика на примерокот недвосмислено покажува дека ливериџот на компаниите се движи во просек околу 35%, што не е високо ниво, додека профитабилноста во анализираниот период значајно опаѓа. Резултатите на регресијата покажуваат дека вкупниот ливериџ има негативно влијание врз профитабилноста, но истите не се потврдени кога ги користиме долгорочните кредити или вкупните банкарски кредити како зависни варијабли. Од останатите вклучени променливи, позитивна врска е откриена уште во случајот на големината на компанијата и профитабилноста, додека вкупните инвестиции во последните три години, стапката на данок на добивка и порастот на продажбите немаат статистички значајно влијание.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Trud-Arsov-Godisnik 2015.docx
Size
49.4 KB
Format
Microsoft Word XML
Checksum
(MD5):daadacd66b65884e8baeb0a96ca61ce3
