Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/27311
Наслов: Влијание на анксиозноста и депресивноста поврзани со КОВИД-19 во Скопје, РС Македонија во тек на 2020 година на квалитетот на живот
Authors: Наумовска, Андромахи 
Наумовски, Тони
Блажевска, Весна
Keywords: Ковид 19
депресија
изолација
квалитет на живот
Issue Date: апр-2022
Conference: Меѓународна научна и стручна конференција „Енергетската и здравствената криза- правни, економски, психолошки и политички аспекти"
Abstract: Вовед: Пандемијата на корона вирусот (COVID-19) во 2020 година претставуваше невидена закана за јавното здравје. Тековните мерки за контрола на ширењето вклучува социјално дистанцирање, изолација и карантин, што може да предизвика проблеми со менталното здравје кај поединци. Метод: Примерокот (N = 65) поделен во две групи, сочинува: испитаници кои биле во изолација (14 дена)- поради суспектност дека се позитивни на корона вирусот и лица кои не биле во изолација, а се јавиле за психолошка поддршка. Скалата за депресија и за анксиозност на Голдберг беа администрирани како мерки на депресија и анксиозност, соодветно и скала за квалитет на живот QOLS. Резултати: Депресивност и анксиозност се следи кај сите испитаници. Испитаниците кои поминале период од 14 дена во изолација пријавуваат поголема изразеност на симптомите на депресивност и анксиозност отколку оние кои не биле во изолација и нивниот квалитет на живот е полош. Заклучок: Манифестацијата на депресивност и анксиозност кај изолираните испитаници е значително поголема од онаа на испитаниците кои не биле во изолација што значајно влијае на нивниот квалитет на животот.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/27311
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Conference papers

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
20230730_123901.jpg6.98 MBJPEGThumbnail
View/Open
20230730_124002.jpg4.87 MBJPEGThumbnail
View/Open
abstrakt1.jpg1.99 MBJPEGThumbnail
View/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

65
checked on 12.10.2024

Download(s)

20
checked on 12.10.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.