Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/27217
Наслов: Продуктивна или главна активност на населението како индикатор за квалитет на живот
Authors: Александра Лозаноска
Елизабета Џамбаска
Issue Date: 2022
Publisher: Економски институт – Скопје
Проект: „Квалитетот на живот на населението во Република Северна Македонија во време на Covid-19 пандемијата“
Abstract: Индикаторот продуктивната или главна активност на населението претставува еден од деветте индикатори за квалитетот на животот кои ги објавува Еуростат за потребите на Европската унија. Овој индикатор се однесува, од една страна, на работата на вработените, на самовработените лица или на неплатените семејни работници, која што се плаќа, а од друга страна ја опфаќа и неплатената работа (грижа за членовите на семејството или волонтирање) и други видови статус на главна активност (на пример, студирање или пензионирање). Врз основа на параметрите кои ги дава Еуростат и кои го оформуваат индикаторот, во рамки на овој дел од монографијата се анализира продуктивната или главна активност на населението во Република Северна Македонија. За таа цел земени се предвид одделни аспекти на квантитетот и квалитетот на вработеноста во земјата, за последните десет години, при што е опфатено работоспособното население на возраст од 15-64 години. Истовремено, направена е споредба со состојбите во ЕУ-27 (без Велика Британија). Како извор на податоци се користи базата на Еуростат за да се избегне методолошка неусогласност, која може да се јави доколку се користат различни извори на податоци.
Опис: Дел од монографија, објавена како резултат на проектот: „Квалитетот на живот на населението во Република Северна Македонија во време на Covid-19 пандемијата“, Економски институт-Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/27217
ISBN: ISBN 978-608-4519-26-3
Appears in Collections:Institute of Economics: Books

Прикажи целосна запис

Page view(s)

37
checked on 25.7.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.