Англиското искуство со правото на молчење на обвинетиот во кривичната постапка
Journal
Македонска ревија за казнено право и криминологија
Date Issued
2018
Author(s)
Ilikj Dimoski, Divna
Abstract
Авторот на трудот се занимава со едно од најбазичните и воедно
најважните права на обвинетите во кривичните постапки - правото на молчење –
притоа, осврнувајќи се на една од неговите најкомплексни дилеми, а тоа е
проблемот на извлекување на неповолни заклучоци од молчењето на обвинетиот,
во смисла на користење на молчењето на обвинетиот во текот на постапката како
доказ од кој што ќе се заклучи за фактичката состојба односно за вината. Имнено,
често пати, ако на нормативното постоење на правото на молчење и неговото
користење како легитимна тактика на одбрана се спротивстави неговото фактичко
значење и последица во практиката, ќе произлезе дека молчењето е
“контрапродуктивна” тактика, бидејќи ваквиот начин на одбрана, предизвикува
уште поголема убеденост на органите на постапката во вината на обвинетиот.
Оттука, авторот како посебно вреден за анализа го идвојува англискиот
пример и ги елаборира измените на правото на молчење и начинот на кој е тоа
уредено во Англија, со оглед на тоа што англиските нормативни решенија ја
дозволуваат можноста молчењето на обвинетиот да се толкува на негова штета,
притоа точно утврдувајќи под кои услови е тоа дозволено односно какви се
правилата за извлекување неповолни заклучоци од молчењето на обвинетиот, како
и ограничувањата од извлекувањето на неповолни заклучоци од молчењето.
Авторот во трудот, воедно се осврнува и на некои од практичните аспекти и
последици од измените на правото на молчење во Англија.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Divna Ilic.pdf
Size
392.42 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):56a3020e3abaf81500f48a9c329d0abd