Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/27206
Наслов: Англиското искуство со правото на молчење на обвинетиот во кривичната постапка
Authors: Ilikj Dimoski, Divna
Keywords: право на молчење, обвинет, неповолни заклучоци, англиска кривична постапка
Issue Date: 2018
Publisher: Zdruzenie za krivicno pravo i kriminologija na Makedonija
Journal: Македонска ревија за казнено право и криминологија
Abstract: Авторот на трудот се занимава со едно од најбазичните и воедно најважните права на обвинетите во кривичните постапки - правото на молчење – притоа, осврнувајќи се на една од неговите најкомплексни дилеми, а тоа е проблемот на извлекување на неповолни заклучоци од молчењето на обвинетиот, во смисла на користење на молчењето на обвинетиот во текот на постапката како доказ од кој што ќе се заклучи за фактичката состојба односно за вината. Имнено, често пати, ако на нормативното постоење на правото на молчење и неговото користење како легитимна тактика на одбрана се спротивстави неговото фактичко значење и последица во практиката, ќе произлезе дека молчењето е “контрапродуктивна” тактика, бидејќи ваквиот начин на одбрана, предизвикува уште поголема убеденост на органите на постапката во вината на обвинетиот. Оттука, авторот како посебно вреден за анализа го идвојува англискиот пример и ги елаборира измените на правото на молчење и начинот на кој е тоа уредено во Англија, со оглед на тоа што англиските нормативни решенија ја дозволуваат можноста молчењето на обвинетиот да се толкува на негова штета, притоа точно утврдувајќи под кои услови е тоа дозволено односно какви се правилата за извлекување неповолни заклучоци од молчењето на обвинетиот, како и ограничувањата од извлекувањето на неповолни заклучоци од молчењето. Авторот во трудот, воедно се осврнува и на некои од практичните аспекти и последици од измените на правото на молчење во Англија.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/27206
Appears in Collections:Faculty of Law: Journal Articles

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
Divna Ilic.pdf392.42 kBAdobe PDFView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

38
checked on 25.7.2024

Download(s)

12
checked on 25.7.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.