МЕНАЏЕРИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ И МАКСИМИЗАЦИЈАТА НА ВРЕДНОСТА КАКО НИВНА ЦЕЛ
Journal
Годишник на Економски факултет - Скопје, Том 51
Date Issued
2017-11
Author(s)
Abstract
Максимизацијата на вредноста на компанијата, што води кон зголемување на богатството на нејзините сопственици, денес е глобално прифатена како конечна цел на работењето на компаниите. Тоа важи како за акционерските друштва, така и за приватните компании, иако нивната вредност не е директно мерлива преку пазарот на капитал. Врз вака поставената цел се поставени најзначајните принципи на финансискиот и портфолио менаџментот. Во овој труд се испитува степенот на прифатеност на оваа цел и воопшто, односот кон благосостојбата на акционерите од страна на менаџерите на македонските котирани компании. Анализирани се интернет страниците на речиси сите котирани компании на Македонската берза, вкупно 101, и заклучоците упатуваат на тоа дека горенаведената цел речиси и не се споменува, а дека компаниите сѐ уште најмногу се фокусирани на традиционалните мерила на успешноста. Менаџерите многу ретко покажуваат интерес за цените на акциите на компаниите што ги водат и сѐ уште немаат развиено чувство за нивната директна одговорност кон акционерите. Таквата состојба отвора неколку прашања: применливост на принципите на финансискиот менаџмент, потенцијалот за развој на пазарот на капитал, како и рационалноста на инвестирањето во акции во такви услови.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Труд- Сашо Арсов.pdf
Size
465.98 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):f02f74e02e53b69ffb009c222aa682b1
