Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/26770
Наслов:  Економскиот развој и пазарот на работна сила во Република Северна Македонија во услови на Ковид - 19 пандемијата
Authors: Елизабета Џамбаска
Александра Лозаноска
Issue Date: мар-2023
Publisher: Економски институт – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Abstract: Монографијата насловена „Економскиот развој и пазарот на работна сила во Република Северна Македонија во услови на Ковид-19 пандемијата” претставува сублимиран приказ на состојбите во економијата на Република Северна Македонија, со фокус на економскиот развој и пазарот на работна сила, пред и за време на Ковид-19 кризата. Целта на истражувањето во оваа монографија е да се согледа влијанието на Ковид-19 пандемијата врз економскиот развој и пазарот на работната сила во Република Северна Македонија. Имајќи ја предвид комплексноста на истражуваната проблематика, без претензии на сеопфатност, а во рамки на расположливите податоци, во трудот се идентификуваат дел од последиците кои ги предизвика пандемијата врз македонската економија, односно врз економскиот развој и пазарот на работната сила, како и врз продуктивноста и квалитетот на живот. Во рамки на монографијата се анализираат и резултатите од анкетното истражување, спроведено за да се осознаат перцепциите и ставовите на вработените за последиците и промените на нивните работни места и во секојдневното живеење предизвикани од здравствената криза.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/26770
Appears in Collections:Institute of Economics: Books

Прикажи целосна запис

Page view(s)

48
checked on 25.7.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.