Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/26470
Title: ОДРЕДУВАЊЕ НА РЕЖИМ НА ИСХРАНА ЗА ДОБИВАЊЕ НА КВАЛИТЕТЕН РАСАД ОД ЦВЕТНИОТ ВИД САРДЕЛА (PELARGONIUM x HORTORUM L. H. BAIL.)
Authors: Margarita Davitkovska
Keywords: Pelargonium x hortorum L. H. Bail., расад, ѓубрива, биометрички параметри
Issue Date: 12-Feb-2014
Abstract: Со цел да се испита квалитетот на расадот од сардела (Pelargonium x hortorum L. H. Bail., хибрид Ringo 2000 deep scarlet) при производство и третман со различни видови ѓубрива, извршени се истражувања со неколку кристални ѓубрива, со различен состав и концентрација. Користени се лесно растворливи кристални ѓубрива, во состав: NPK 9-10-34+M.E.; NPK 9-10-34+M.E. + Ca(NO3)2 I; NPK 9-10-34+M.E. + Ca(NO3)2 II; NPK 9-10-34+M.E. + Ca(NO3)2 III (различна концентрација на Ca(NO3)2); NPK 14-10-26+3MgO+M.E. За споредба, земени се две контролни варијанти. Растенијата од првата контролна варијанта не се прихранувани, додека растенијата од втората контролна варијанта се прихранувани со ѓубривo коe вообичаено се користи за производство на расад, во состав NPK 14-7-28+5CaO+M.E.. Согласно методиката на работа и целта на истражувањето, за утврдување на квалитетот на расадот, анализирани се следниве биометрички параметри: должина на стебло, должина на корен, дебелина на стебло, маса на растение, маса на стебло, маса на корен, маса на листови, број на разгранувања, број на листови и број на соцветија. Добиените резултати се обработени варијациско статистички според метод на анализа на варијанса и тестирање со LSD (Least Significant Difference) тестот. Направени се испитувања и на сувaта материја на листовите при што се анализирани следниве параметри: содржина на хигроскопна влага, органски и минерални материи и одделно: азот, фосфор, калиум, калциум, магнезиум, железо, манган, цинк и бакар. Резултатите од анализата на параметрите, споредени се со податоци од литературата за слични истражувања. Врз основа на резултатите од сите испитувани биометрички параметри, се покажа дека прихраната со кристално ѓубриво NPK 9-10-34+M.E. и со кристалното ѓубриво NPK 14-10-26+3MgO+M.E. во доза од 1,6 g/l раствор, а во фаза на целосна вкоренетост, со зголемена доза од 3,2 g/l раствор, дадоа најдобри резултати.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/26470
Appears in Collections:Faculty of Agricultural Sciences and Food: PhD Theses

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
Doktorska Margarita Davitkovska.pdf4.48 MBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

63
checked on May 24, 2024

Download(s)

35
checked on May 24, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.