Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/26417
Наслов: ГРЕЕЊЕ НА ГРАДОТ СКОПЈЕ - АНАЛИЗА НА ПОЛИТИКИ И МЕРКИ
Authors: Taseska-Gjorgievska, Verica
Dedinec, Aleksandar
Dedinec, Aleksandra
Markovska, Natasha 
Obradovich Grncharovska, Teodora
Zdraveva, Pavlina
Belchovska Tasevska, Jasmina
Kanevche, Gligor
Keywords: домаќинства, емисии на стакленички гасови, загадувачи на воздух
Issue Date: 2019
Publisher: Македонска академија на науките и уметностите
Journal: Зборник на трудови - Загадувањето на градовите во Република Македонија: кои се решенијата?, Македонска академија на науките и уметностите
Abstract: Греењето во домаќинствата доминира во низата причинители за лошиот квалитет на воздухот во Скопје. Лошата термичка изолација на објектите придонесува за поголеми потреби од енергија за греење, од една страна, а од друга страна неефикасните печки и котли кои се користат за загревање на домовите придонесуваат за зголемување на потрошувачката на енергентите и со тоа и на локалното загадување. Во Република Македонија согорувањето на биомаса учествува со 90% во вкупното загадување со PM10. Измерените концентрациите на PM10 честичките ги надминуваат дозволените гранични вредности и тоа повеќекратно во зимскиот период. Покрај тоа, неефикасното користење на енергијата е еден од главните причинители и за зголемување на емисиите на стакленички гасови. Според анкетата за начинот на загревање на домаќинствата во Скопската котлина, спроведена во јануари 2017 година со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации, најголем дел од домаќинствата, околу 47%, користат цврсти горива (огревно дрво, јаглен, пелети, брикети) во сопствен систем за согорување, третина од домаќинствата се греат со помош на електрична енергија, а околу 21% се снабдуваат од системот за централно греење. Исто така, над половина од објектите имаат ѕидови без дополнителна топлинска изолација. Цел на овој труд е да го утврди влијанието на различни мерки поврзани со загревањето на домовите врз емисиите на стакленички гасови (CO2, CH4, N2O) и врз локалното загадување (PM2,5, PM10, CO, SOx, NOx) и квалитетот на воздухот. За таа цел е развиен модел (MARKAL-Скопје). Како влезни податоци во моделирањето се користат резултатите од анкетата за начинот на загревање на домаќинствата во Скопската котлина. Трудот ги проучува ефектите од следните мерки: 1) Подобрување на изолацијата во објектите за домување; 2) Промена на горивото и начинот на греење (ефикасни технологии); 3) Зголемено прифаќање на централното греење (постојното или мали централни системи).. Покрај референтното сценарио „Скопје се гуши“, креирано е сценарио „Скопје дише“ во кое се вклучени сите три мерки и анализиран е ефектот од нивната заедничка имплементацијата. Од добиените резултати може да се заклучи дека мерката „Промена на начинот на греење (ефикасни технологии)“ најмногу придонесува за намалување на PM10 и PM2,5 емисиите, додека CO2 емисиите најмногу се намалуваат со мерката „Зголемено прифаќање на централното греење“. Со спроведување на сценариото „Скопје дише“ ќе се постигне дури 70% намалување на PM10 и PM2,5 емисиите и околу 11% намалување на CO2 емисиите во 2025 година, во однос на сценариото „Скопје се гуши“. Споредено пак со 2015 година, во сценариото „Скопје дише“ емисиите на PM10 и PM2,5 во 2025 ќе се намалат за 60%. За реалзација на сценариото потребни се вкупно 356 мил. €, за периодот од 2017 до 2025 година. Дополнителни 212 мил. € се потребни за изградба на нови термоелектрани-топлани. Покрај намалувањето на загадувањето, дополнитена придобивка од мерката „Изградба на енергетски ефикасни згради“ е можноста за отворање на 690 нови работи места.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/26417
Appears in Collections:Faculty of Computer Science and Engineering: Journal Articles

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
[4].pdf706.11 kBAdobe PDFView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

46
checked on 12.10.2024

Download(s)

16
checked on 12.10.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.