Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/26221
Title: Мониторирање и Евалуација на Антропометриските параметри кај деца од предшколска возраст
Authors: Трпковска, Билјана 
Зафирова, Биљана 
Чадиковска, Елизабета 
Бојаџиева Билјана 
Keywords: раст
антропометриски параметри
самоорганизирани мапи
Issue Date: 2020
Publisher: Македонско Лекарско Друштво = Macedonian Medical Association
Conference: 20 ти Конгрес на Македонското Лекарско Друштво восоработка со Медицински Факултет
Abstract: Вовед: Следењето на процесот на раст и развој се главни компоненти на примарното здравје кај децата од предшколската возраст. Целта на ова истражување е да се презентира квантитативното и квалитативното испитување на поедини антропометриски параметри кај децата од предшколската возраст со цел да се добијат информации и податоци за преваленцата на различни категории на растот и нутритивниот статус. Материјал и методи: Во испитувањето беа вклучени здрави деца од предшколска возраст од двата пола. Десет параметри беа измерени според ИБМ (Интернационалната Биолошка Програма), како што се телесната тежина, телесната висина, лонгитудинални параметри и трансверзални дијаметри, како и кожните дипли за трицепс и скапула. Беше пресметан и БМИ (индекс на телесна маса). Квалитативното испитување беше со анализа на мапирање на податоци со самоорганизирани мапи. Резултати: Полово специфичните разлики беа детектирани но не покажаа некоја значајна сигнификантна разлика. Вредностите беа незначително повисоки кај девојчињата. Резултатите покажаа дека вредностите на 50ти перцентил кај девојчињата изнесуваше 20 kg за телесната тежина, 115.4 cm за телесната висина и 15.66 kg/m2, за БМИ. Додека кај момчињата изнесуваше 20 kg кг за телесната тежина, 113.2 cm за телесната висина и 15.94 kg/m2, за БМИ. Вредностите за БМИ кај децата од албанската националност за 50ти перцентил изнесуваше кај девојчињата 16.2 kg/m2, додека кај момчињата беше 16.68 kg/m2. Заклучок: Прекумерната телесна тежина рапидно се зголемува кај децата уште во детската возраст. Следењето на нејзиниот тренд доведува до формирање на критериуми за правилен раст и развој, како и проценка на нутритивниот статус кај децата од предшколската возраст.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/26221
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Conference papers

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
Congress2020_AbstractBook-prePrint3 MLD 2020.pdf12.45 MBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

25
checked on Apr 26, 2024

Download(s)

3
checked on Apr 26, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.