Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/25983
Title: Примена на повеќекритериумски методи во банкарството (Случајот на Комерцијална банка АД Скопје)
Authors: Cvetkoska, Violeta 
Issue Date: 2018
Publisher: Магор ДОО Скопје
Source: Цветкоска, В. (2018). Примена на повеќекритериумски методи во банкарството (Случајот на Комерцијална банка АД Скопје). Скопје: Магор ДОО Скопје
Description: Ефикасноста претставува индикатор на успех и се состои од остварување што поголеми резултати (излези) со употреба на минимум ресурси (влезови). Доколку една организација (профитна или непрофитна) оствари поголем излез за дадено ниво на влез, или пак ист излез со користење на помал влез, тоа значи дека организацијата ја има зголемено ефикасноста. Непараметарскиот пристап Анализа на обвиени податоци (Data Envelopment Analysis – DEA) е поставен на пиедесталот за мерење на ефикасноста, како на профитните така и на непрофитните организации кои користат повеќе влезови за да произведат повеќе излези, а неговиот развој се одвива повеќе од три децении. Тоа што треба да се има предвид кога се применува DEA за мерење на ефикасноста на организациите е да се користат исти влезови и излези за примерокот, при што DEA ќе овозможи да се идентификуваат ефикасните организации, како и оние кои не се ефикасни во однос на ефикасните. Целта на книгата е да се прикаже можноста за примена на DEA за мерење на релативната ефикасност на филијалите на Комерцијална банка АД Скопје, како и на најпознатата метода за повеќекритериумско одлучување (Multiple Criteria Decision Making – MCDM), Аналитичкиот хиерархиски процес (Analytic Hierarchy Process – AHP) за рангирање на експозитурите на Банката. Преку спроведеното истражување во Комерцијална банка АД Скопје може да се добие одговор на следниве четири прашања: 1. Дали се зголемила ефикасноста на филијалите на Банката во набљудуваниот период (2009-2011 година)? 2. Кои се најдобрите, а кои се најлошите филијали на Банката во релативна смисла? 3. Дали се забележуваат значителни промени во рангот на експозитурите на Банката во периодот кој се набљудува (2008-2011 година)? и 4. Дали е стабилна ранг-листата на експозитурите на Банката? Книгата се состои од два дела. Првиот дел е насловен: „Мерење на релативната ефикасност на филијалите на Комерцијална банка АД Скопје: непараметарски пристап“. Во овој дел најпрво се поставени целите на истражувањето, а потоа е даден и краток преглед на литература за примената на DEA во банкарски филијали. Потоа, посебно внимание ѝ е посветено на методологијата, т. е. на DEA, како и на DEA-техниката Window (прозорска) анализа која овозможува да се зголеми бројот на филијали, a и да се следи промената на ефикасноста на филијалите низ времето. Понатаму, фокусот е на развојот на моделите за секој од пристапите (производствен пристап, посреднички пристап и пристап на профитабилност). На крајот на првиот дел се прикажани и анализирани добиените резултати, составена е мапа на обвивање врз основа на резултатите од прозорската анализа и идентификувани се најдобрите и најлошите филијали на Банката во релативна смисла. Вториот дел е насловен: „Рангирање на експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје: повеќекритериумски пристап.“ Во овој дел најпрво се поставени целите на истражувањето, а потоа фокусот е на една од најчесто користените методи за повеќекритериумско одлучување – AHP-методата. Оваа метода е применета за да се изврши рангирање на експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје кои се лоцирани во Скопје. Според бројот на активни шалтери, експозитурите на Банката се класифицирани во три групи и развиен е AHP-модел за нивно рангирање, а резултатите се добиени со користење на софтверската алатка SuperDecisions. Потоа, се презентирани и анализирани добиените резултати: тежините на критериумите и приоритетите на алтернативите, а на крајот на овоj дел е спроведена сензитивна анализа со користење на софтверската алатка Expert Choice. Користените податоци во моделите не се јавно објавени и се сметаат за деловна тајна, затоа тие не се дадени, а исто така, со броеви се заменети реалните имиња на филијалите и експозитурите на Банката. Дел од спроведеното истражување во Комерцијална банка АД Скопје, авторката го презентираше во постер-сесијата на Дваесет и првата летна школа за операциски истражувања ELAVIO 2017, која се одржа во периодот 24 февруари ‒ 4 март во градовите Буенос Аирес и Мирамар, Аргентина. Авторката беше наградена со стипендија од страна на Меѓународната федерација на друштвата за операциски истражувања (IFORS) да учествува на Школата (IFORS додели само една стипендија за кандидат од Европа).
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/25983
Appears in Collections:Faculty of Economics 07. Monographs / Монографии

Show full item record

Page view(s)

63
checked on Apr 28, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.