Исламската економија како алтернативен пристап во справување со финансиските кризи во иднина
Journal
Годишник на Економски факултет - Скопје
Date Issued
2019
Author(s)
Abstract
Финансиската криза од 2008 година беше најсериозната криза после Големата депресија. Во основата на глобалната криза која се појави во САД, а потоа се прошири низ целиот свет се наоѓаше најголемиот станбен и кредитен балон. Иако во основата се наоѓаше балонот во цените на недвижностите, главните причини за појавата на ваква финансиска и економска криза од глобални размери во основа се наоѓаа во финансиските иновации, системот на контрола и супервизија во финансискиот сектор, „гладта“ за профит, глобалните економски дебаланси и релаксираните монетарни политики во периодот пред кризата. Анализата во трудот покажа дека со цел да се избегне некоја идна криза која ќе има многу посериозни последици врз глобалната економија, потребно е да се направат сериозни промени кои ќе ја вратат дисциплината во финансискиот систем и ќе елиминираат дел од нееднаквостите и неусогласеностите во елементите на актуелниот финансиски систем. Имајќи ги предвид претходно наведените причини за појавата на глобалната економска и финансиска криза од 2008 год. и ефектите од истата во трудот исто така се обидуваме да ги анализираме и посочиме потенцијалните елементи во исламската економија и финансии кои можат да елиминираат голем дел од недостатоците во тековниот финансиски систем и да се појават како алтернатива на конвенционалните финансии.
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Trenovski_Merdzan - Godisnik 2019 (2).pdf
Size
337.56 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):d3ead907bcb9d7186521605847c5e52e
